Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Tesla Motors ја стартуваше пилот програмата за механичка замена на батериите
 
Spodeli
25 December 2014, 00:05


Tesla Motors ја стартуваше пилот програмата за механичка замена на батериите Tesla Model S Tesla Motors ја стартуваше пилот програмата за механичка замена на батериите
Tesla Motors неделава ја започна својата тест програма за замена на батериите која беше презентирана во текот на минатото лето...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Колку за потсетување, станува збор за систем наменет за брза замена на батериите во Model S, кој на сопствениците на овој електричен автомобил ќе им овозможи промената да ја направат за малку повеќе од три минути.

Во текот на споменатата презентација одржана минатото лето, промената траеше пократко, но Tesla неодамна го модифицираше Model S, a во тие промени беше вклучена и новата заштита за подвозјето изработена од алуминиум и титаниум, па поради тоа промената на батериите сега ќе трае малку подолго. Сепак, од Tesla истакнуваат дека и натаму постои простор за скратување на времето потребно за измена, за кое тие сметаат дека во совршени услови би можело да изнесува помалку од една минута.

Целта на оваа пилот програма е да се испита корисноста и функционирањето на системот, односно да се процени дали истиот им е реално потребен на клиентите. Доколку ваквата услуга стане популарна, ќе се зголеми мрежата на станици за промена на батериите. Првата се наоѓа во Калифорнија, на истата локација каде што е и станицата за полнење на батерии.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил