Станува збор за мотор кој ќе биде целосно конструиран во Шведска и кој на крајот ќе им се приклучи на 4-цилиндричните Drivе-E агрегати. Исто така, засега е познато дека моторот првенствено би бил наменет за помалите модели во понудата на шведскиот производител, односно оние кои се базираат на CMA платформата.
Во моментов понудата на Drive-Е мотори се состои од три 4-цилиндрични агрегати, еден дизел и два бензински. Најмоќниот 2,0-литарски мотор развива моќност до 336 kW или 456 КС. Моќта на различните изведби на дизел моторот се движи меѓу 90 и 170 kW, односно 122 и 231 КС, а на послабиот бензинец меѓу 141 и 306 КС.
|