Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Fiat го „освежи“ патничкиот Doblo
 
Spodeli
15 December 2014, 23:36


Fiat го „освежи“ патничкиот Doblo Fiat Doblo Fiat го „освежи“ патничкиот Doblo
Од 2015-та година, на патиштата ќе има повеќе „насмеани“ автомобили, благодарение на новата маска која го краси предниот дел на Fiat Doblo...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Покрај маската на автомобилот, италијанскиот производител целосно го редефинирал дизајнот на фаровите и предниот браник, додека задниот дел на возилото, со исклучок на стоп - светлата и панелот под прозорците, останува идентичен.

Промените во внатрешноста на возилото вклучуваат редизајн на инструмент таблата и воланот, нови дизајни и бои за навлаките на седиштата, а од Fiat велат дека бучавата во кабината е намалена благодарение на подобрената звучна изолација.

Во понудата и натаму ќе бидат верзии со пократко и подолго меѓуоскино растојание, односно со 5 и 7 седишта, како и модел со надградена кабина. На располагање е дизел агрегатот 1.6 Multijet II, во верзии од 90 и 105 КС и 2,0-литарскиот мотор со 135 КС.

Од бензинците, достапни се 1,4-литарски мотор со 95 КС и 1.4 TurboJet со 120 КС, кој ќе може да се нарача и во верзија со погон на компримиран природен гас.


Fiat Doblo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил