Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Паметен автомобил - Volvo XC90 T8
 
Spodeli
14 December 2014, 16:55


Паметен автомобил - Volvo XC90 T8 Volvo XC90 Паметен автомобил - Volvo XC90 T8
Volvo нè запознава со Twin Engine технологијата на најсилниот SUV модел во својата категорија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ова е првиот Volvo модел дизајниран „од глава до пети“ за компатибилност со plug-in-електрификација. Тој нуди извонредни перформанси и луксуз, со емисијата на CO2 која тешко може да ја постигнат дури и помали хибридни модели.

При дизајнот на XC90 T8, од Volvo се одлучиле да не прават никакви компромиси кога станува збор за перформансите, задоволството при возењето, економичноста, практичните карактеристики, како и големиот багажен простор. Врз основа на новата модуларна SPA (Scalable Product Architecture) платформа, со успешниот бензински Drive-E погон, создаден е уникатен SUV со седум седишта, 400 КС и 640 Nm, со емисија на јаглерод диоксид од само 59 g/km и потрошувачка на 2,5 литри бензин на 100 километри.

Стил на возење „по мерка“ на секој возач

XC90 T8 до „стотка“ забрзува за само 5,9 секунди, при што обезбедува задоволство во возењето кое е соодветно за еден модерен Volvo автомобил. Покрај тоа, овој теренец нуди пет различни режими на возење, во согласност со желбите и навиките на возачот. Преку користење на копчињата на командната табла или пак со навигација на екранот чувствителен на допир, возачот може да избере некој од следниве начини на возење:

Hybrid: Ова е стандарден режим, погоден за секојдневна употреба. Тука, возилото автоматски прави избор меѓу 2,0-литарскиот, 4-цилиндричен Drive-E мотор и електромоторот со цел да се постигне максимална можна заштеда.

Pure Electric: Во овој режим, кога батеријата е целосно полна, служи како единствен извор на енергија за напојување на електричниот мотор поставен над задната оска. XC90 T8 може да помине повеќе од 40 километри со користење само на електрична енергија, а тоа е растојание што ги покрива секојдневните потреби на повеќето возачи. Доколку се јави потреба за повеќе моќ, Drive-Е SUS агрегатот автоматски стартува.

Power mode: Сосема е јасно дека во овој режим се бараат перформанси, така што разбирлива е комбинацијата меѓу моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор. При стартувањето, возилото ги користи предностите од електромоторот и непосредниот пристап до висок вртежен момент, додека SUS агрегатот ги зголемува вртежите. Оваа комбинација нуди перформанси еднакви на оние кои ги овозможува V8 моторот при забрзување.

AWD: Овој режим, по барање на возачот, обезбедува постојан погон на сите тркала. Предноста е во тоа што AWD функцијата се избира рачно, според личното убедување на возачот, така што и на ова ниво може да се постигне заштеда.

Save: Доколку батеријата е наполнета, оваа опција му овозможува на возачот максималното ниво на енергија  да го сочува за понатамошна употреба во режимот Pure Electric. Од друга страна, ако батеријата е пред празнење, возачот може да го искористи SUS моторот за нејзино полнење до одредено ниво.

Под каросеријата

Многу од карактеристиките на погонот на XC90 T8 се специјално прилагодени за хибридната технологија. Ова се главните компоненти на системот:

Drive-Е мотор - Посебно модифицирана верзија на 4-цилиндричниот бензински Drive-Е се наоѓа под хаубата на овој SUV. За потребите на XC90 T8, моторот е „засилен“ со компресор и турбо полнач за максимални 318 КС и 400 Nm вртежен момент.

Автоматски менувач - 8-брзинскиот автоматски менувач е исто така посебно прилагоден за потребите на хибридниот погон. Поголемата пумпа на масло за подмачкување обезбедува совршено подмачкување при електричен режим на возење со што се овозможува побрзо достигнување на потребниот притисок за лесна транзиција од електричен во конвенционален погон.

CISG - Генераторот поставен на коленестото вратило (CISG), кој се наоѓа меѓу моторот и кутијата за менувачот, врши три значајни функции: тоа е моќен агрегат од 34 kW кој глатко обезбедува премин од чисто електричен во комбиниран погон така што возачот има впечаток дека агрегатот со внатрешно согорување и електромоторот се всушност една целина; исто така ова е и моќен генератор, а на крајот игра и улога на засилувач на електричниот мотор, односно во соработка со компресорот и турбо полначот може да обезбеди дополнителни 150 Nm вртежен момент.

Батерија - батеријата со висок напон (270-400 V) обезбедува 65 kW и е одличен пример за успехот на XC90 T8. Додека другите производители на автомобили се бореа со проблемот како прилично масивните батерии да се вградат во автомобилите без притоа да се загрозат луксузот и просторноста, Volvo успеа да го надмине предизвикот преку позиционирање на батеријата во централниот тунел на возилото.

Заден електромотор - Испорачувајќи 82 КС (60 kW) и 240 Nm, големиот електричен мотор почива врз задната оска и ги придвижува задните тркала во електричен режим на возење, како и кога постои потреба за максимални перформанси. Позиционирањето на агрегатот одзади е значајно решение, бидејќи така се овозможува употреба на поголем мотор, кој е особено корисен во градскиот сообраќај. Не треба да се заборави дека ваквата поставеност овозможува и погон на сите тркала.

T8 XC90 користи електрична серво технологија за обновување на енергијата во автомобилот (за полнење или непосредна употреба). Системот е опремен со единствена функција која ја контролира количината на енергија што може безбедно да се обнови.

Уникатен систем за ладење и климатизација - Се состои од две компоненти. Првата е наменета за ладење на CISG и големиот електричен мотор на задната оска, додека втората се користи за ладење на батеријата на два можни начина: пасивно преку ладилникот, или активно преку спојување со клима уредот на автомобилот.

Претходна подготовка - Со цел лесно и ефикасно користење, возачите може однапред да го подготват погонот, батеријата и кабината на XC90 T8 и тоа директно од автомобилот или со користење на Volvo On Call апликацијата за мобилен телефон. Ова е особено практично кога надворешната температура е екстремно ниска или висока. Возилото може однапред да се загрее или излади и на тој начин да се подготви за патување.

Сите овие информации уште еднаш укажуваат на тоа дека Volvo е марка на која секогаш треба да и се посвети најголемо внимание. Шведскиот производител останува еден од главните предводници на светската автомобилска индустрија.


Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил