Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Вебер се справи со невремето над Сепанг
 
Spodeli
03 April 2010, 15:06


Вебер се справи со невремето над Сепанг  Вебер се справи со невремето над Сепанг
Како што и се очекуваше, монсунските дождови преовладуваа сабајлево во Малезија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Истите услови не преставуваа проблем за Марк Вебер, кој утре ќе стартува од пол позицијата. Нико Розберг ќе му прави друштво на Австралијанецот од првиот стартен ред.
 
Обилните дождови не им дозволија на Алонсо, Маса и Хамилтон да се квалификуваат во втората квалификациска серија. Батон се изврте при првите 20 минути и не ги продолжи квалификациите, па утре ќе стартува од седумнаесеттото место. 
 
Квалификациите дури и беа прекинати при последната серија, но по кратка пауза, истите продолжија. Марк Вебер по квалификациите изјави дека итро изиграл при првите две серии кога патеката беше преплавена со вода. Пол позицијата му ја посвети на својот инженер кој советувал да не излезе со “full wet“ гуми.
 
За Фетел, Марк Вебер сторил одлична работа сабајлево, но сепак Германецот е задоволен со својата позиција на денешните квалификации. Шумахер очигледно разочаран со осмата позиција, а големиот шампион изјави дека можел и побрзо. Исто така изрази и честитки до својот тимски колега кој веќе трети пат по ред зазема подобра стартна позиција од него.
 
Џенсон Батон изјави дека налетал на поголем вир од вода и поради тоа заглавил во чакалот. Потоа, иако моторот се уште му работел, не можел да излезе поради заглавувањето на задните тркала. Неговиот тимски колега, додаде дека не е задоволен со квалификациите, но не се предава и дека утре ќе оди на се или ништо.
 
Момците од Маранело исто така поради тешките временски услови не обезбедија пласман во втората квалификациска серија. Алонсо се надевал на престанување на дождот и поради тоа останале повеќе во гаражата отколку другите. Истото го потврди и Маса, а и двајцата се надеваат на многу подобра трка утре.
 
Времето во Малезија ќе остане исто и на утрешната трка, па монсунските дождови не се никаква гаранција за никого. Многу пати Ф1 докажала дека се е можно, па утре сите опции се вклучени во игра. 
 
Стартен поредок:
 
1  WEBBER 
2  ROSBERG          
3  VETTEL           
4  SUTIL            
5  HULKENBERG       
6  KUBICA           
7  BARRICHELLO      
8  SCHUMACHER       
9  KOBAYASHI        
10 LIUZZI           
11 PETROV           
12 DE LA ROSA      
13 BUEMI            
14 ALGUERSUARI      
15 KOVALAINEN       
16 GLOCK            
17 BUTTON           
18 TRULLI           
19 ALONSO           
20 HAMILTON         
21 MASSA            
22 CHANDHOK         
23 SENNA            
24 DI GRASSI         




Стари коментари
hahahahahahah
Напишан од Nikola  пред  околу 115 месеци
naj interesni mi se trkite koga ima dozd :D:D:D::D:D oti ima mnogu izletuvajna:D i dali si sejkavate Milenko ko rece '' Massa ja turka vodata kako kamionite na makedonija pat'' hahahahahahah toa nikogas nema da go zaboravam
Напишан од dime  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил