Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > ГН на Малезија: Нов трилер на повидок?
 
Spodeli
02 April 2010, 13:25


ГН на Малезија: Нов трилер на повидок?   ГН на Малезија: Нов трилер на повидок?
Досега Ф1 ни понуди еден од најинтересните и најзанимливи стартови на сезоната. За разлика од другите сезони, овој почеток ни наговестува одличен развој на настаните, а она што ни останува на нас фановите е да стискаме палци дека истото ќе продолжи и во Малезија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Секако дека сите се надеваме на онаква трка како трката во Мелбурн, а монсунските дождови кои се најавуваат за овој викенд во Куала Лумпур, гарантираат нова трилер трка. 
 
Кога облаците над Сепанг ќе се отворат, истото значи хаос долу на патеката. Ланската трка е само доказ за што е способно времето во Малезија во овој период на годината. Прекинатата трка беше резултатот од овие монскунски дождови кои ќе ги има и овој викенд,
 
Но да заборавиме малку на времето... Сепанг е многу поразлична трка од онаа во Мелбурн. Балансот меѓу брзите свиоци и долгите правци за претекнување е речиси доведен до совршенство. Брзите широки свиоци се вистински предизвик за возачите, иако патеката полека “старее“ па нерамнините можат да предизвикаат проблеми за возачите.
 
Ваквата комбинација на широки брзи свиоци и долги правци претставува уживање за гледачите. Тип на патеки како Сепанг, овозможуваат многу престигнувања, а маестралноста на возачот да се одбрани, треба да биде на високо ниво. Секако, ова секогаш не мора да биде сигурен знак за трилер трки, но претекнувањата ќе бидат повеќе застапени во однос на повеќето други трки при нормални услови.
 
Времето во Мелбурн остави големо неодговорено прашање: дали во тотално сува трка, новото правило за забрана на дополнување на гориво значи досадна и монотона трка? Новата можност која се отвара зад ова правило е она што на Батон му ја донесе победата во Мелбурн. Дали да се оди со едно менување на гуми, а истото значи послаби перформанси или нови гуми и пеколни перформанси? Истово не се случи во Бахреин каде што сите одеа на сигурна варијанта.
 
На хартија, спектакл се очекува на Сепанг, а најавените дождови треба да придонесат за надополнување на истиот. Од Red Bull се очекува продолжување на доминацијата на квалификациите и прелевање на истата на трката. Издржливиот Ferrari со Алонсо да ја задржат водечката позиција, а исто така и силен одговор од Вокинг т.е на Хамилтон и Батон кои се пожалија не недоволен перформанс од болидот.
 
Можеме ли конечно да очекуваме висок пласман на “баронот“ во болидот на  во болидот на Mercedes, по катастрофалниот старт за него? Премногу стории за тоа како би можел да се одвива текот на настаните во Малезија, но пред сите постои само едно прашање: дали ГН на Малезија може да ги задоволи апетитите на фановите по минатонеделната трилер трка во Мелбурн?
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил