Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Интервју - Fabrice d'ECHALLENS, Peugeot
 
Spodeli
14 October 2009, 23:41


Интервју - Fabrice d'ECHALLENS, Peugeot  Интервју - Fabrice d'ECHALLENS, Peugeot
Патувањето во Дубровник беше прилика и да поразговараме со Г-динот Fabrice d'ECHALLENS, еден од неколкуте водечки личности во Peugeot, со кого разменивме неколку прашања и одговори - иницијално за 3008 и 308CC, за кои всушност се одвиваше светската промоција, но и малку поопшто, на други авто-теми....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Која е идејата со еден ваков нов концепт, каков што е 3008?
3008 e нов концепт, модел кој основа на една нова класа – задоволува широка група на купувачи. Главно, идејата со 3008 е задоволување на амбициите на Peugeot да има понуда на автомобили во 90% од сегментите. Со  4007 веќе заземавме позиција во која годишно се произведуваат 20.000 возила со типични СУВ карактеристики, а планираме вкупно 90.000 произведени 3008-ки до крајот на 2010-та, што секако  е одлично надополнение на автомобилите од ниската и средна класа, покрај сите останати кои се произведуваат во нашите фабрики
 
Инаку, кога е во прашање целосниот квалитет на возилата Peugeot, за 3008-ката, морам да нагласам дека нема апсолутно никакви поместувања или релокација на планираното производство заради кризата, како што прават некои други компании, што секако гарантира дополнителен квалитет на возилото.
 
Забележавме дека има, но и дека многу се потенцирани иновациите во 3008. Што е причината?
Причина за тоа секако е нашата заложба да имплементираме иновации. Забележавте, не е иновација само моделот како таков. Peugeot е еден од лидерите во Авто-индустријата кога станува збор за имплементација на иновации. Само така можеме постојано да бидеме на врвот.
 
Peugeot е марка која секогаш им дава најубав лик на своите автомобили. забележуваме дека 3008 во однос на дизајнот е малку конзервативен и класичен?
Да, точно е тоа, но дизајнот на автомобилот е прилагоден и на целната група на купувачи за кој е наменет, иако има нешто што на прв поглед не може така лесно да се види.  Се е работа на компромис. Со задржан Peugeot идентитет, нашите инженери и дизајнери дадоа приоритет пред се на целосниот квалитет на возилото, на комфорот на патниците и на возните својства, но и на неколку ситни, но и тоа колку битни нешта, резултат на инвентивната технологија вградена во 3008. Резултатот на тоа е исклучително оптимизиран автомобил во однос на просторот добиен во кабината, на ергономијата, и секако необично високото ниво на задоволство на возачот при управување со возилото, како да е тоа автомобил од некоја друга класа. Забележавте, седењето е високо, а заради дизајнот на ентериерот се чувствувате како во некое купе, нели?
 
Да, се согласуваме, првичните импресии во однос на 3008-та се фантастични. Има нешто што сега не го гледаме, а можеме во иднина да го очекуваме од 3008?
За 2011-та најавен е и мотор со 200 КС, како и хибридна верзија, на дизел мотор. кој треба да троши 4,1 литри гориво на 100 километри, со дури 35% намалена емисија на штетни гасови.  2011-та ќе биде година и која ќе биде понудена изведба со погон на сите четири тркала.
 
Неодамна имавме прилика да тестираме Peugeot 4007 и Citroen C-Crosser.  Забележавме дека малку се разликуваат во квалитетот, иако станува збор за исти возила, направени на основа на Outlander?
Да, добро сте забележале. Точно е тоа. сега, производството и на 4007 и на C-Crosser е лоцирано во Холандија, каде квалитетот на возилата е на повисоко ниво и во однос на механиката и електрониката, но и во однос на квалитетот на материјалите во ентериерот.
 
Во една таква ситуација, каде е по квалитет сега Peugeot?
Па, минатите години беа направени два крупни скока, кога се во прашање најпопуларните модели. Peugeot 307, a потоа и 207 беа за ниво погоре од 206, а 308 речиси во секој аспект на производството е уште еден крупен чекор напред во однос на 307 и 207 (иако тоа се автомобили од различна класа, но развивани во близок временски интервал и со слична технологија).
 
На нашиот портал koli.com.mk посетителите често поставуваат прашања, некогаш и малку необични. Едно од нив е зошто во Peugeot автомобилите каишот за врзување на патниците има гласен и малку непријатен звук. Можел да биде и потивок или попријатен...
Ха-ха... тука е суштината. Целта на тој звук е ништо друго освен да го зголеми процентуално бројот на возачи / патници кои ќе се врзат со каишот, што директно е поврзана со нивната безбедност. Анализите и статистиките покажуваат дека токму таквиот звук е дел од факторите кои придонесуваат Peugeot да се најбезбедни автомобили. Ова секако е дел од пасивната безбедност. Безбедноста на патниците е најважна. со 207 и 308 веќе сме на врвот кога се во прашање возните својства и безбедноста, секако во класите во кои тие автомобили припаѓаат.
 
Зошто Pеugeot не е присутен во Формула 1? Не ли технологијата која се развива во Ф1 помага  при развој на сериски модели?
Да, точно е тоа, но повеќе од помош би ви било доколку  сте присутни во други мото-спорт натпреварувања, каде се натпреварувате со сериските модели, прилагодени за трка, како што е тоа случајот со 207 и 308, или како што Citroen прави со C4. Тоа е она што вистински помага. Присутни сме и на легендарната трка 24 Ле Ман, исто така развивајќи технологија која е поблиска до сериските комерцијални модели.
 
За крај, што е тоа со што најмногу се гордеете?
Може многу да зборуваме на темата, но задоволството на нашите купувачи е она што најмногу ни значи. Сепак, има уште еден фактор - продажбата. Бројките кажуваат дека Peugeot 206 е најпродаван во Европа воопшто (од сите класи!) во 2001, 2002 и 2003-та, но и  најпродаван во својата класа од 1999 до 2004, додека моделот 207 е најпродаван автомобил во својата класа во Европа во 2007-ма и 2008-ма,  што резултира со фактот дека 10-тина години наназад речиси постојано имаме најпродаван автомобил во една од двете најпопуларни класи во Европа. 
 
А, веројатно сте забележале дека поновите модели на Peugeot се со особено високо ниво на возни својства, слично како најдобрите германски конкуренти. Дел за тоа се должи и на фактот дека Peugeot има вработено голем број на инженери од Германија, во последните 5 години што допринесува за зголемување на германскиот принцип на инженеринг и производство, што секако го зголемува целосниот квалитет на нашите автомобили.
 
... Се гордееме со 308 затоа што е прогласен  за Волан на годината во Германија за минатата година, како автомобил со најдобри возни својства во својата класа (покрај германската и јапонска конкуренција), а треба ли да го споменувам рекордот за Гинис, на 308 со 1.6 HDI мотор со потрошувачка од рекордни нешто над 3 литри на 100 километри дизел гориво?
 
И, најбитно, нашите автомобили, и тоа оние најпродаваните, како 207 и 308, највисоко котираат на листата на безбедност во своите класи, а имаат и минимална емисија на штетни гасови. 
 
Кога работите во Peugeot, навистина има на што да се гордеете...
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
 
 






Одберете нов автомобил