Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Што можеме да очекуваме во Малезија?
 
Spodeli
31 March 2010, 16:12


Што можеме да очекуваме во Малезија?  Што можеме да очекуваме во Малезија?
По првата досадна трка во Бахреин, Ф1 ни ја прикажа својата убавина на австралиско тло. Зборот “досада“ отсуствуваше на Алберт Парк во неделата, а истото можеме да го сфатиме како вистински најава за она што ни претстои......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 Убедливата победа на Ferrari во Бахреин, беше заменета со тотално опозитно славање во Мелбурн. Батон заедно со новиот тим беа оние кои се радуваа во Неделата. Сезоната наговестува различен тек на настаните од оние ланските каде што примарниот збор го имаше Brawn GP. Овој пат, во атак на шампионската титула, слободно може да кажеме дека 4 екипи се во потесниот избор.

Реафирмираниот Ferrari и Алонсо, тимот со двајца шампиони од Вокинг, желниот Шуми и Mercedes и најбрзиот досега, Фетел и Red Bull.

Двете пол позиции на младиот Германец јасно покажаа кој ја има брзината оваа сезона. Red Bull со иновативниот “ride height system“ делуваат неприкосновено на квалификаиите, но малерот кој ги следи не им дозволува прикажување во целосно светло. Имено, за што станува збор кога ќе се каже “ride height system“? Ова е систем, му овозможува на возачот подесување на висината на болидот во зависност од тежината на горивото. Сфатете го ова како оној систем на Citroen Xantia или XM. Премногу иновативно, што им дава огромен плус во однос на другите.
 
Од друга страна, како најблизок конкурент на Австријците е тимот од Маранело. Ferrari оваа година, покажа дека го има најиздржливиот болид кој му гарантира борба со конкурентите до крајот на трката, без никакво штедење. Алонсо е значителен напредок во перформансите на болидот, за разлика од Кими. Маса доаѓа како фаворит од сенка во Ferrari и секако не смее да се потцени.
 
Возачката постава на McLaren наговестува нови титули за Британците. Покрај брзината на трките, двајцата возачи се пожалија на недоволна брзина при квалификациите и токму тој фактор е она што им оневозможува борба за 1-2 победи на трките до сега.
 
Mercedes GP е бледа сенка на она што беше лани под друго име. Прашањето е дали другите работеле напорно или Mercedes повеќе сметале на болидот од лани? Schumacher исто така се вклопува во сивилото на тимот, кој досега може да се рече дека е најслабиот од топ четворката.
 
Австралија го исфрли и Renault како можен кандидат за замрсување на сметките на големите четири тима, а Кубица со одличниот перформанс несомнено испрати силна порака за капацитетот на Renault. 
 
Малезија е трка која би требало да разреши дел од дилемите кои се вртат. Дали Red Bull и Фетел можат да ја прикажат својата брзина и на трката, без никакви пехови и малери. Дали можеби Ferrari силно ќе одговори на победата на McLaren во Мелбурн со уште еден убедлив перформанс. Дали победата на McLaren беше случајна поради променливите услови и поради патека која им одговара на нивниот болид? И најзанимливото прашање, дали Schumacher ќе го видиме во онакво светло какво што му доликува на еден голем шампион од негова класа?
 
Еден голем знак прашалник би требало да симне трката на Сепанг во Недела... До тогаш, дискутирајте на нашиот форум.
 




Стари коментари
ne gi svakam fanojve na hamilton 2008 pobedi sega 40 % se za nego nez oti tolku go krevate na visoko
Напишан од miki  пред  околу 115 месеци
Ne bi rekol deka e alonso najdobar za dozd hamilton e majstor za na dozd ne deka go obozavam hamilton ama taka e inako ferrary mi e slabost so masa
Напишан од Anaconda  пред  околу 115 месеци
:)) paaa ijas sum za alonso ako saka neka se isturi :D:D
Напишан од miki  пред  околу 115 месеци
pa alonso e najdobar vozac na dozd neka vrne
Напишан од darkman  пред  околу 115 месеци
PA ZA TOA SIGURNO KE IMA MNOGU KE VRNE SPORED VAS KOJ E NAJDOBRIOT F1 VOZAC NA DOST A KOJ NA SUVO :-))))))
Напишан од . _ .  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил