Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Батон победник на трилерот во Мелбурн
 
Spodeli
28 March 2010, 14:17


Батон победник на трилерот во Мелбурн  Батон победник на трилерот во Мелбурн
По монотоната трка во Бахреин, фановите на Ф1 можеа да уживаат во денешниот трилер во Мелбурн, а ланскиот победник го повтори успехот. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Џенсон Батон заврши пред Кубица и Маса, донесувајќи му ја првата победа на McLaren сезонава.

Дождот на почетокот беше одлична најава за она што претстои утрово на Алберт Парк. Фетел ја поведе поворката, а Маса од петтото место со одличен старт стигна до второто место.

Алонсо во мал судир со Батон и Шумахер се врати речиси на опашката заедно со седумкратниот Ф1 шампион.

Престанувањето на дождот значеше промена на темпото, па сите побрзаа да ги сменат гумите за дожд во гуми за суво. Но итрата стратегија на Батон и McLaren кои сменија неколку круга претходно, му овозможи на актуелниот шампион да стигне до второто место зад Фетел. Малерот на Фетел продолжи и денес, па поради кочниците, младиот Германец излета од патеката. Батон го презеде лидерското место кое остана во негови раце до крајот на трката.

Акцијата се случуваше во борбата за подиум каде што во игра беа Кубица, Маса, Алонсо, Хамилтон, Вебер и Розберг. Лошата стратегија на Ферари за не менување на гумите, резултираше со доближување на другите возачи до нив, а особено конкретен беше Хамилтон кој на 2 круга пред крајот, се судри со Вебер и заврши на шестото место.



Импресиите во Мелбурн се различни кај секој тим. Од импресии и среќа, до тага и разочарување...

„Кога влегов во боксот, мислев дека направивме катастрофална грешка. Потоа и при првите свиоци имав проблеми со контролирањето на болидот, но понатаму се беше совршено. Одлична стратегија за победа, да се надеваме на истото и во Малезија.“ - прокоментира победникот во Мелбурн.

Второпласираниот Кубица истакна дека вториот пит стоп на Хамилтон е најзаслужен за неговата втора позиција на денешната ГН на Австралија.

“Фантастично постигнување по губењето на неколку позиции во пит стопот и на трката. Секако дека не е најдобар резултат, но задоволен сум што два пати по ред завршувам на подиум.“ - изјави Бразилецот од Ферари.



Алонсо ја запраша јавноста дали се уште Ф1 трките се досадни: „Навистина беше одлично. Сега можеби никој нема да зборува за досадни трки, барем една недела.“ Запрашан за тактиката, Алонсо одговори дека стратегијата била одлична бидејќи претходно со Маса биле 6 и 7 место, а завршиле како трети и четврти.

„Ја извозев најдобрата трка во мојот живот, но стратегијата не ми дозволи да стигнам повисоко. На крајот и судирот со Вебер ме одврати, но сепак она што беше погрешно беше мојата стратегија“ - изјави видно разочараниот Хамилтон.

Изјава даде и Фетел кој проблемот со кочниците го забележал неколку круга претходно. Шуми додаде дека се забавувал денес во Мелбурн, иако да не бил удрен на почетокот би завршил меѓу водечките. Тимскиот колега на Шуми, изјави дека е задоволен со петтото место на оваа трка со многу пресврти.

Наредната трка е веќе наредниот викенд, во Куала Лумпур (Малезија), каде се сели F1 циркусот.

Погледнете ги најинтересните моменти од трката

 

Класификација ГН Австралија:

1. Button McLaren-Mercedes 1h33:36.531
2. Kubica Renault + 12.034
3. Massa Ferrari + 14.488
4. Alonso Ferrari + 16.304
5. Rosberg Mercedes + 16.683
6. Hamilton McLaren-Mercedes + 29.898
7. Liuzzi Force India-Mercedes + 59.847
8. Barrichello Williams-Cosworth + 1:00.536
9. Webber Red Bull-Renault + 1:07.319
10. Schumacher Mercedes + 1:09.391
11. Alguersuari Toro Rosso-Ferrari + 1:11.301
12. De la Rosa Sauber-Ferrari + 1:14.084
13. Kovalainen Lotus-Cosworth + 2 laps
14. Chandhok HRT-Cosworth + 4 laps

Не завршија:
Glock Virgin-Cosworth 41
Vettel Red Bull-Renault 26
Di Grassi Virgin-Cosworth 25
Sutil Force India-Mercedes 12
Petrov Renault 10
Senna HRT-Cosworth 5
Buemi Toro Rosso-Ferrari 1
Hulkenberg Williams-Cosworth 1
Kobayashi Sauber-Ferrari 1
Trulli Lotus-Cosworth 1


Генерален пласман возачи:

1 Fernando Alonso      Ferrari           37
2 Felipe Massa          Ferrari           33
3 Jenson Button         McLaren           31
4 Lewis Hamilton     McLaren           23
5 Nico Rosberg         Mercedes GP       20
6 Robert Kubica     Renault       18
7 Sebastian Vettel     RBR-Renault       12
8 Michael Schumacher     Mercedes GP       9
9 Vitantonio Liuzzi     Force India       8
10 Mark Webber          RBR-Renault       6
11 Rubens Barrichello     Williams-Cosworth 5
12 Jaime Alguersuari     STR-Ferrari       0
13 Pedro de la Rosa     BMW Sauber       0
14 Adrian Sutil     Force India       0
15 Heikki Kovalainen     Lotus-Cosworth       0
16 Nico Hulkenberg     Williams-Cosworth 0
17 Karun Chandhok     HRT-Cosworth       0
18 Sebastien Buemi      STR-Ferrari       0
19 Jarno Trulli     Lotus-Cosworth       0
20 Timo Glock          Virgin-Cosworth   0
21 Lucas di Grassi     Virgin-Cosworth   0
22 Bruno Senna          HRT-Cosworth       0
23 Vitaly Petrov      Renault       0
24 Kamui Kobayashi     BMW Sauber       0


Генерален пласман конструктори:

1 Ferrari              70
2 McLaren-Mercedes     54
3 Mercedes GP             29
4 Renault             18
5 RBR-Renault             18
6 Force India-Mercedes     8
7 Williams-Cosworth     5
8 STR-Ferrari             0
9 BMW Sauber-Ferrari     0
10 Lotus-Cosworth     0
11 HRT-Cosworth     0
12 Virgin-Cosworth     0





Стари коментари
dobro de fudbaleri se smesa zaso komentira i la liga spancive so igraat aman se poprai a ovoj milenko da bese ke kazese 1 kobajasi 2 rozberg i 3 sumaher (ke se popraese posle pola saat za sumi deka ne vozi za ferrari :D)
Напишан од Darkman  пред  околу 115 месеци
Darkman се сложувам со твоето мислење за Миленко и јас лани гледав со исклучен тон но да се прават вакви грешки е во најмала рака смешно но сепак како што кажав се надевам дека ќе биде по подготвен при следниот пренос.Поздрав.
Напишан од Кире  пред  околу 115 месеци
mene na primer mi nedostigaat glupostite na milenko so gi tresese hahah inaku na ovaa trka naj interesno mi bese ko se zbrkaa alonso hamilton i rozberg :D:D:D trkata bese skros intertesna i alal da mu e na baton za hrabriot poteg so go naprae :D
Напишан од dime  пред  околу 115 месеци
pa i jas mislam f1 ne e ubav bes milenko ovaj gi pomesa fudbaleri so f1 vozaci gi mesa vozacite za alonso massa veli za pobednik ovaa godina treba da e ili alonso masa i veteel redbul e najbrs bolid ama vetel e GOLEM MALEEEER trebase da pobedi toj minatata godina Ferari and alonso 4ever
Напишан од miki  пред  околу 115 месеци
KIRE na alfa igor paneski deckoto top si komentira napravi 1-2 greski KOJ GI POPRAVI a ne kako milenko so se gubese do daska zaso ovoj ja komentira trkata a MILENKO VASIOT OMILEN KOMENTATOR KAZUVA NA VETTEL BABA MU SO JADELA ZA DORUCEK NA kako vozi vettel ili nekoj drug ili DEKA VO BRITANIJA KRCKALE TRIBINITE mislam ALOOO OVIE SE TRKAAT SE KRSAT OVOJ nadvor od trka e TOP E KOMENTATOROT NA ALFA A KOLI KOGA POBEDIJA FERRARI KADE BEVTE ???? KADE E STATIJATA ??? treba da pisuvate za site trki a ne
Напишан од Darkman  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил