Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Фетел и Вебер до 1-2 пол позиција во Мелбурн
 
Spodeli
27 March 2010, 15:58


Фетел и Вебер до 1-2 пол позиција во Мелбурн  Фетел и Вебер до 1-2 пол позиција во Мелбурн
По разочарувачката трка во Бахерин, Себастијан Фетел се враќа во полн сјај, стигнувајќи до пол позицијата за утрешната трка во Мелбурн, пред домашниот миленик и свој тимски колега Марк Вебер....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Болидот на Red Bull и овој пат беше побрз од оној на Ферари, каде што Алонсо заврши на третото место, и утре ќе стартува од вториот ред, заедно со Батон од McLaren. На кратко за изјавите на возачите по денешните квалификации...

“Резултатот кажува се. Малку смешно е што на мојата домашна трка, Вебер беше прв, па ова нека го сфати како еден вид на одмазда.“ - се пошегува најбрзиот возач денес. “Со мислите сум насочен кон утре, бидејќи добро е да се започне од првиот ред.“ - заврши младиот Германец.

Вебер иако заврши втор, сепак и не е толку разочаран по денешните квалификации. “Сакав да сум на првото место, но сепак и второто е многу подобро отколку она во Бахреин. Сепак пред се, добро е што му помогнав на тимот.“

Предводникот на Ferrari, и на денешните квалификации заврши пред својот тимски колега, Фелипе Маса. “Третото место е добро бидејќи знаевме дека Red Bull е брз. Она на што целам утре е подиумот, бидејќи знаеме дека оваа трка е доста долга, со често излегување на Safety car. Дали ќе победиме, останува да видиме утре.“ - заврши Шпанецот.

Батон изјави дека е задоволен од болидот бидејќи заедно со Хамилтон го вадат максимумот од него. Маса со своето петто место ќе стартува зад Алонсо, па тоа би било одлична прилика за со добра стратегија да се помине Батон на почетокот. Зад него се Розберг и Шумахер кои по денешните изјави и не се баш најзадоволни со состојбата на болидот.

Сепак, најголемо разочарување е денешното единаесетто место на Хамилтон, кој посочи дека гужвата на патеката не му овозможило да се квалификува меѓу првите десет.

Прва победа на Red Bull и доказ дека болидот и не е толку неиздржлив, или нова победа на Ferrari и поголемо зацврстување на табелата? Утрешната трка во Мелбурн ќе ни го покаже тоа...

Стартен поредок:

1. Sebastian Vettel (Red Bull-Renault)
2. Mark Webber (Red Bull-Renault)
3. Fernando Alonso (Ferrari)
4. Jenson Button (McLaren-Mercedes)
5. Felipe Massa (Ferrari)
6. Nico Rosberg (Mercedes)
7. Michael Schumacher (Mercedes)
8. Rubens Barrichello (Williams-Cosworth)
9. Robert Kubica (Renault)
10. Adrian Sutil (Force India-Mercedes)
11. Lewis Hamilton (McLaren-Mercedes)
12. Sébastien Buemi (Toro Rosso-Ferrari)
13. Vitantonio Liuzzi (Force India-Mercedes)
14. Pedro de la Rosa (Sauber-Ferrari)
15. Nico Hulkenberg (Williams-Cosworth)
16. Kamui Kobayashi (Sauber-Ferrari)
17. Jaime Alguersuari (Toro Rosso-Ferrari)
18. Vitaly Petrov (Renault)
19. Heikki Kovalainen (Lotus-Cosworth)
20. Jarno Trulli (Lotus-Cosworth)
21. Timo Glock (Virgin-Cosworth)
22. Luca di Grassi (Virgin-Cosworth)
23. Bruno Senna (HRT-Cosworth)
24. Karun Chandhok (HRT-Cosworth)





Стари коментари
BRAVOOOOO ZA VETTEL!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! iskrajno cestitki do nego :D:D no sepak mislam deka Alonso ke bidi pobednik na utresnata trka :D FERRARI the BEST
Напишан од dime  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил