Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > ГН на Австралија: Red Bull или бесното коњче?
 
Spodeli
26 March 2010, 17:19


ГН на Австралија: Red Bull или бесното коњче?  ГН на Австралија: Red Bull или бесното коњче?
По долго очекуваната прва трка во Бахреин, Ф1 циркусот се сели во Мелбурн под жешкото австралиско сонце...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој викенд ни претстои втората трка во календарот, која треба да ни покаже дали другите ја достигнале брзината на Red Bull или издржливоста на Ferrari.

Како што и започнаа работите во Шакир, Red Bull е фаворит и во Мелбурн заедно со Италијанците од Маранело. Зад нив, како фаворити од сенка се наоѓаат McLaren и Mercedes кои со новите додатоци на нивните болиди, сериозно би можеле да ги загрозат Австријците и Италијанците.

„Ние сме на исто ниво со Mercedes“ - беше изјавата на Хамилтон по Бахреин. „Можеби завршивме подобра работа во Бахреин од нив, но во Мелбурн треба да видиме кој може да истапи чекор напред во однос на брзината.“ - изјави Британецот.

„За Red Bull може да се каже дека се неверојатно брзи. Надолната сила која ја имаше нивниот болид ланската година на некои точки беше дупло поголема отколку она што ние го имавме. Дури и на крајот на трката, тие беа побрзи од нас, иако ние победивме на неколку ГН лани. Очигледно дека го имаат најбрзиот болид, и треба да бидат многу понапред од другите.“ - прокоментира најмладиот светски шампион.

Хамилтон исто така верува дека иако Алонсо го поставил најбрзиот круг во Бахреин, дури секунда побрзо од вториот најбрз круг, се уште има голема разлика меѓу Ferrari и Red Bull. „Фернандо беше многу брз на претходната трка, и очигледно е дека се најблиску до Red Bull, но разликата е некаде околу половина секунда.“ - заврши Хамилтон.

Тимскиот шеф на Ferrari Стефано Доменикали, беше воодушевен од претходната 1-2 победа, која беше прва по Франција 2008. Доменикали напомена дека Ferrari треба да поработи на загревањето на моторот, бидејќи правилото за замена на 8 мотори низ целата сезона ги ограничува во промената. Тоа јасно се виде кај болидот на Фелипе Маса кој во последните 20 круга од трката имаше проблеми со прегреаноста на моторот.

„Завршивме со анализата која ја имавме за нашите проблеми во Бахреин. Секако дека резултатот беше одличен бидејќи 1-2 победа е фантастично нешто за прва трка во сезоната. Ги увидовме нашите проблеми и треба да сработиме важна работа за истите да не се повторат во Недела.“ - изјави Доменикали.

Позади големата четворка, Renault и Force India се очекува да се борат за титулата во “второлигашите“, иако Williams и Sauber не треба да се потценат. Болидот на Renault покажа и повеќе од очекуваната брзина, но Кубица и Петров немаа среќа да забележат неколку бодови. Force India и Сутил се надеваат на помалку грешки, додела Лиуци тежнее кон подобар старт на сезоната.

Sauber се надеваат на решавање на проблемите со хидрауликата на болидот, за да Кобајаши и Де Ла Роса бидат подготвени за жестока борба со конкурентите.

Новодојдените тимови како Virgin, покажаа дека имаат брз болид, но проблемите со хидрауликата не им дозволија да се покажат во вистинско светло. HRT тимот и Чандок се надеваат на поголем престој на патеката, бидејќи резултатот од Бахреин беше засрамувачки, како за него, така и за новиот тим и тимскиот колега Бруно Сена.

Алберт Парк е градска трка, и веќе е докажано дека на оваа трка, најголем проблем се кочниците. Забраната за дополнување на гориво исто така ќе биде голем фактор на тој проблем, а Bridgestone пневматиците (тврдата и меката варијанта), многу повеќе ќе се трошат отколку во Бахреин.

Дополнителна возбуда треба да претставува и дождот, бидејќи временската прогноза токму тоа и го потврди.
Дождот беше присутен и на денешните тренинзи, а исти временски услови треба да очекуваме и викендов.





Стари коментари
alonso and ferari 4ever :))))))))))
Напишан од miki  пред  околу 115 месеци
Dobra sezona e na povidok :)
Напишан од Nikola  пред  околу 115 месеци
во секој случај се надевам дека ке има добра трка со многу престигнувања и возбуда
Напишан од ма4ор4е  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил