Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Peugeot 308 CC - Топлес манекен
 
Spodeli
29 October 2009, 05:21


Peugeot 308 CC - Топлес манекен Peugeot 308 CC Peugeot 308 CC - Топлес манекен
На промоцијата во Дубровник, koli.com.mk имаше можност да седне зад управувачот на новиот 308 СС, кабриолет со тврд покрив, кој очекувано, целосно ги освои нашите симпатии. Возните својства, функционалноста и квалитетот, спакувани во фантастично изведена спортска елеганцијата се потврда на приматот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Преку 600-те илјади продадени CC модели досега, oд 2000-та до 2008-ма го донесоа лавот со CC ознака на првото место во светот во оваа конкуренција, мометно дури и пред 3-ка кабрио на BMW и EOS на VW.
 
Знаејќи го големото искуство на Peugeot со овие автомобили, при избор на кабриолет, скоро секогаш природно паѓа изборот на француското лавче. Peugeot и денес се чини ја има најубавата и најдостапна гама на кабриолети, составена од 207 CC и 308 СС.
 
Дизајн
Иако и претходната генерација (307 CC) се уште го одзема здивот со својот изглед, новиот модел, oд каде и да се погледне, привлекува со елеганција и грациозност.
 
Препознатливата Peugeot агресивна маска, фино развлечените странични линии  и спортски завршениот заден дел формираат фантастична силуета. Купе линијата дополнително дава некој посебен впечаток, особено кога покривот е потонат во задниот дел. 308 СС изгледа спортски и секси, посебно со внатрешноста во која се нудат три различни изведби на кожа - бела, црна и црвена.
 
Целосно гледано, елегантниот и мачо дизајн одлично прилега и на двата пола - првите ќе се фалат со агресивниот преден дел, а вторите со секси задницата. Ова е нешто кое го може само едно Peugeot!
 
Ентериер
Иако изгледа исто како кабината на обичната 308 – ка, во поглед на материјалите и изработката, СС е уште полуксузен. Квалитетната кожа во која се облечени седиштата и предната табла, ќе ги задоволи и најпребирливите. И изработката е на врвно ниво – обрнато е внимание дури и на најмалите детали.
 
Седиштата имаат специфична форма и се поставени многу пониско, како во некој спортски автомобили. Вака, уживањето во возењето е дополнително зголемено, бидејќи патниците се чувствуваат како прилепени за земја. За поздрав е и задната клупа, која иако не е на ниво на еден семеен хечбек, вади максимум од кабрио конфигурацијата на возилото.
 
Премиум чувството е надополнето и со одличната звучна изолација, било дали се вози со дигнат или спуштен покрив – може да се разговара непречено дури и при поголеми брзини.
 
Комфорот и удобноста од 308 секако дека се пренесени и во CC, што е доволно за формирање nа оценка - и повеќе од одлично. Ова е имиџ автомобил, неговиот ентериер е празник за вашите очи, но и за околината. И морето беше љубоморно...
 
Новитети/Технологија
Најзанимлив детал кај 308 СС е новиот Airwave систем, благодарение на кој кој дува топол воздух околу рамената и главата на возачот и совозачот, а патниците имаат можност да ја контролираат температурата, насоката и јачината на дувањето. Системот е вграден во предните наслони за глава и овозможува пријатно возење и во ладните есенски и зимски денови.
 
За разлика од претходно, намалено е времето потребно за отворање на само 20 секунди, дури и при движење на автомобилот до 12 km/h, што може да се следи и на предниот дисплеј.
 
Возни својства
Уживањето во возењето кај кабриолетите е од фундаментално значење. Затоа, инженерите на Peugeot се потрудиле 308 СС да се вози исто како 308. Ова е постигнато со дополнително зајакнување на подвозјето и каросеријата на критичните места.
 
Резултатот е одличен – и покрај тоа што е околу 170 kg потежок од обичната 308-ка, СС е агилен и суверено поминува низ свиоците, без навалување и пролизгување само во граничните ситуации. Ова е надополнето и со прецизното управување и солидните менувачи. Моторот кој имавме можност да ги пробаме е 1,6 THP бензинецот со 150 КС беше дополнително заслужен за уживањето. Повлекува од ниски вртежи и субјективно овозможува многу подобри забрзувања отколку што тоа го кажуваат бројките – 10,4 секунди. Максималната брзина е и повеќе од доволна – 215 km/h.
 
Посебно ни се допадна што подобрувањето на возните својства не е направено толку на сметка на удобноста – во однос на тоа какви возни својства има, 308 СС меко поминува низ дупките, а моторот е тивок и не прави никакви вибрации. Затоа, 308 СС би бил одличен и како луксузен крстосувач на автопат, додека патниците уживаат во погледот околу.
 
Безбедност
Иако кабриолет, 308 СС на патниците им овозможува извонредно ниво на безбедност, како на некој фамилијарен автомобил. Тука е вредно да се споменат и новите странични воздушни перничиња, кои се први од овој тип кај кабриолетите, како и воздушното перчниче за главата.
 
308 CC уште неколку технолошки новитети во однос на безбедноста, што резултира со рекордни 36 од можните 37 поени на EuroNCAP краш тестот, што е доволен податок за високото ниво на безбедност на овој автомобил и уште позначајно - доволно за лидерска позиција во класата, кога е во прашање безбедноста.
 
За кого е овој автомобил
Peugeot 308 CC е наменет за уживателите во адреналинот и ветерот во косите, за трендсетерите, но и за тие кои сакаат да бидат видени. 308 СС има и четири седишта и извонредно голем багажник од 465 литри кога е кренат покривот, па доволно е функционален и доколку се користи како секојдневен транспорт.
 
Од фабриката во Сошо, Франција дневно ќе излегуваат по 160 модели на 308 CC. Нема да релокација на производство по Турции, Индии, како што тоа некој друг го прави... Секој кабрио убавец ќе пристигне директно од земјата на романтиката. Колку точно кај нас ќе видиме, тоа ќе зависи и од цената. Засега, немаме точни информации, но ексклкузивниот импортер за Peugeot во Македонија, Еуроимпекс, ветува достапни цени. Кандидати за купување има многу, кој не би посакал ваков топлес манекен...

 


Peugeot 308 CC
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
a si fakal ti kurovi u race?
Напишан од razor  пред  околу 114 месеци
e ovaa e kola da se iznafakajs zenski
Напишан од razor  пред  околу 114 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил