Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > RCZ и RCZ HYBrid4 ќе дебитираат во Франкфурт
 
Spodeli
14 October 2009, 21:28


RCZ и RCZ HYBrid4 ќе дебитираат во Франкфурт Peugeot RCZ RCZ и RCZ HYBrid4 ќе дебитираат во Франкфурт
Освен конечната сериска верзија на купето RCZ, за прв пат ќе биде прикажана и концептната хибридна верзија RCZ HYBrid4...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За потсетување, Peugeot преклани на истиот саем премиерно го постави концептот 308 RCZ, за две години подоцна на истиот саем светска премиера да има сериската верзија на купето по името 2+2 RCZ. Конструирано е врз истата платформа од 308-ката, со тоа што овде каросеријата е пониска за 20mm, трагата на предните тркала зголемена за 54 mm, а задната за 72 mm, во име на подобрена стабилизација на управувачките тркала.
 
Серискиот 2+2 coupe RCZ го задвижува новиот 1,6-литарски бензинец со моќност од 200 КС, a почетокот на продажбата на Peugeot RCZ е планиран напролет.
 
Хибридниот концепт RCZ HYBrid4 го задвижува најмодерната HDi технологија во комбинација со електромотор кој ги задвижува исклучиво задните тркала, а интересно е што дизел моторот (кој пак ги задвижува само предните тркала) и електромоторот можат да работат истовремено, па се добива своевиден погон на сите тркала. Ваков систем на трансмисија и погон е механички далеку поедноставен од оној кој го користат Ford и Toyota кај своите сериски хибриди.
 
Емисијата на CO2 е намалена на само 95 г/км преку примената на најновиот автоматски менувач со шест степени на пренос и Stop & Start технологија. Сепак, моментално не постојат планови да хибридниот концепт RCZ HYBrid4 доживее сериско производство.
 

Peugeot RCZ
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил