Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Споредби > Споредба - Mini Cooper S vs Citroen DS3
 
Spodeli
03 March 2010, 13:55


Споредба - Mini Cooper S vs Citroen DS3 Citroën DS3 Споредба - Mini Cooper S vs Citroen DS3
Ретро vs Aнти ретро. Така најдобро би ја опишале споредбата за која веќе на големо се зборува. Пристигна новиот, потенцијален конкурент за превземање на тронот во класата во кој веќе долги години владее Mini Cooper S. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Споредба на два луксузни мини автомобили од кој едниот е вистински култ, а другиот со сериозна намера тоа да биде. DS3 пристигнува со голема доза на гламур во себе.

Дизајн

Ретро убавината која ја носи британскиот легендарен автомобил контра новиот “hi tech“ убавец на Citroen, модел кој веќе го доби епитетот “модна икона“ низ урбаниот хаос.  Кога го споредуваме дизајнот на двата автомобили, повеќе споредуваме различни вкусови. А она народното дека за вкусови не се дискутира, овде сосема можеме да го потврдиме.



Mini, омилениот автомобил на трендсетерите го нуди екстравагантниот ретро британски стил кој ја освои и Европа и Америка. Набилданата силуета со едноставни класични линии и можноста за персонализација го доближува Mini до идеалната убавина, онаа што трае вечно.

Но, и DS3 со својот урбан, модерен и робусен дизајн веќе освојува симпатии. Никаква поврзаност со претходните модели на Citroen, сосема нов дизајн и несомнено премногу креативност. Сосема различно од веќе постојаното сивило на патиштата. Можноста за персонализација е една новина кај францускиот производител. DS3 ќе биде она по што многумина ќе се вртат со неговата појава.
Нерешено кога е во прашање дизајнот, најмногу заради заклучокот дека двата автомобили се преубави, но на различен начин.

Дизајн: Mini Cooper - Citroen DS3 0:0


Возни својства

Извонредно избалансираното подвозје, премногу цврстата шасија и турбомоторот нудат ултра забавно возење во британската класика. Динамиката во возењето која Mini ја нуди комбинирана со перфектната стабилност и прецизната управливост покажуваат зошто овој автомобил долго време е незаменлив на врвот.

Спортското возење со француски примеси овозможува лесно минување на свиоците, a возачот позади воланот на DS3 во ниту еден момент нема да се посомнева во хируршки  прецизната управливост. Агилниот мотор во секој момент ви нуди можност за брутално потегнување нанапред. Сепак, малиот болид Mini победува кога е во прашање спортското и динамично возачко уживање

Возни својства:  Mini Cooper vs Citroen DS3 1:0



Перформанси

Турбомоторите се во тренд! И двата автомобили кои ги возевме го потврдија истото. 1,6 - литарскиот турбомотор под хаубата на Mini нуди на располагање 175 КС и до стотка забрзува за 7,1 секунда, а максималните 225 км/ч се повеќе и од доволни. DS3 автомобилот кој го поседува 1,6 THP турбомоторот кој генерира 150 КС. Забрзува за две десетинки поспоро од Mini, а исто така крајната брзина е помала од британскиот конкурент и изнесува 214 км/ч.

Интересно, моторите кои се вградуваат во Cooper S и DS3 се развивани заеднички од BMW и PSA групациите(Peugeot и Citroen). Затоа и големата сличност во бројките. Зад Mini стојат подобри бројки, но тоа е незначително. И тука е нерешено.

Перформанси: Mini Cooper  vs Citroen DS3 0:0


Удобност

Удобноста заборавете ја кај Mini. Цврсто подесената шасија многу лесно ќе ја почувствувате, а долгите патувања со малиот Британец не ви ги препорачуваме. Овој автомобил е дизајниран за спортските ентузијасти, па удобноста е таа што го плаќа данокот на ултра спортското доживување.

А, токму удобноста е она што многу години ги краси француските модели. Така и новиот DS3, кој благодарение на новата иновативна архитектура паралелно со спортски подесената суспензија овозможува беспрекорно ниво на удобност при возењето, за сите во автомобилот. Победник во категоријата удобност e DS3

Удобност: Mini Cooper vs Citroen DS3 0:1


Комфор

Спортскиот карактер на Mini и малите димензии нудат комфор само за возачот и совозачот. Сепак, од спортски автомобил и не може повеќе да се очекува. За разлика од Mini, поголемиот DS3 може да се окарактеризира и како исклучителен простран семеен автомобил. Деталите на кои се внимавало во францускиот автомобил и користената иновативна архитектура на изведба на внатрешноста, овозможува комфорно сместување на 5 патника.



За багажникот нема простор за дискусија, бидејќи она што најмногу Mini може да го собере е патна торба од средна големина. 285 литри големина на багажниот простор на DS3 се сосема доволни за автомобилот да послужи и како возило за на пат.

Комфор: Mini Cooper vs Citroen DS3 0:1


Впечаток за квалитет

Интересно, и двата модели особено ги краси високото ниво на персонализација, но впечаток е дека квалитетот на материјалите како и завршната обработка во Mini не го доловуваат имиџот кој го носи овој мал автомобил. Тврдата пластика и крцкањето фрлаат црна дамка на целокупната оценка за него.

“Hi tech“ изгледот во внатрешноста совршено кореспондира со одличната завршна обработка и квалитетните материјали кои се употребени во Citroen DS3. Внатрешноста само го заокружува целосниот модерен впечаток.

Впечаток за квалитет: Mini Cooper vs Citroen DS3 0:1


Цена / Опрема

Цената на Mini е поголема од вообичаените мали градски автомобили па дури и од оние од компакт класата. Но историјата, шармот и ретро стилот кој со себе го носи Mini си го прави своето. Можеби за овие пари ќе купите Golf GTI, Civic Type R или Astra OPC, но иронијата  е што се уште нема да поседувате Mini.

Цената на DS3 се според најавите сигурно ќе биде пониска од онаа на Mini, а повисока од новиот C3. 

Mini Cooper vs Citroen DS3 0:1
 

Заклучок

Mini Cooper S и Citroen DS3 не се од оние автомобили кај кои нивната вредност се мери на кило. Ова се автомобили за кои се слуша срцето. Тоа последно одлучува. Затоа е тешко е да се круниса победник. Сепак, директната споредба јасно укажува дека DS3 доминира во повеќето значајни категории.

Вкупен резултат: Citroen DS3 : Mini Cooper S 4:1

Секој од овие автомобили си има свој стил, а со тоа и свои предности. Британскиот ретро автомобил произведен од BMW делува неприкосновено кога се анализираат возните својства и повеќе е ориентиран кон спортскиот стил на возење. За разлика од тоа, DS3 комплетно доминира кога се оценуваат удобноста и комфорот, но и целосно квалитетот на изработка на ентериерот.

Времето ќе покаже дали ретрото се уште е во мода и дали Mini благодарение на ултра спортското доживување и понатаму ќе остане на врвот во оваа класа, или пак ќе добие сериозен удар од многу поуниверзалниот мал спортски премиум автомобил.


Citroën DS3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
DS3 e daleku daleku podobar od mini cooper
Напишан од i  пред  околу 113 месеци
vo izminatitte 120 iljadi se pokaza dosta solidno i koj saka i so saka neka veli za ds3 ne se sporeduvala so mini! od koi pricini? ds3 ja ima i so 200 konja i taa e brza i stabilna poz
Напишан од ratkapna  пред  околу 115 месеци
koga imas predrasudi ne mozes pravilno da cenis da citroen ne e posportski od mini koga e podvozjeto vo prasanje no motorot i menuvacot se istite i vo ds3 se vgraduva so 175 konja pa i so 200 i do stotka leta za 6.5 no ne mozete da recete deka ds3 ne e ubava ili kvalitetno napravena i so plastiki daleku podobri od pred nekoja godina citroen so novite modeli napravi kvantetn skok vo sekoj pogled xsarata moja i novive modeli na citroen se kako od druga firma da ja praele ne citroen iako dosega ne
Напишан од ratkapna  пред  околу 115 месеци
teski gluposti, Ocigledno deka tie sto gi pisuvaat tekstovive i pravat sporedbive do vcera vozea SPACEK ili sigurno i do den denes si se vozat vo LADA!! Ako ste tolku glupi imate barem internet i pred da pisuete vakvi sporedbi citaj te si po malku!!!
Напишан од Zlatko  пред  околу 115 месеци
teski gluposti, Ocigledno deka tie sto gi pisuvaat tekstovive i pravat sporedbive do vcera vozea SPACEK ili sigurno i do den denes si se vozat vo LADA!! Ako ste tolku glupi imate barem internet i pred da pisuete vakvi sporedbi citaj te si po malku!!!
Напишан од Zlatko  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Споредби



 
 
 
 






Одберете нов автомобил