Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Hyundai го претстави i20 Coupe
 
Spodeli
12 December 2014, 00:50


Hyundai го претстави i20 Coupe Hyundai i20 Hyundai го претстави i20 Coupe
Hyundai конечно ги објави првите официјални фотографии и детали за моделот i20 Coupe кој ќе пристигне на пазарот во текот на следната година и ќе биде првиот модел од B - сегментот што корејскиот производител ќе го понуди со три врати...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Втората генерација на моделот i20 дебитираше оваа есен во Париз, а новата атрактивна верзија ќе се разликува не само поради отсуството на задните врати туку и по 25 милиметри пониската линија на кровот, спојлерот на покривот и сл.

Исто така, разлики се евидентни и кај браниците, маската итн. И покрај тоа што станува збор за понизок автомобил, од Hyundai тврдат дека просторот за патниците останува непроменет, додека пак капацитетот на багажникот е зголемен за 10 l и сега изнесува 336 l.

Како што се очекуваше, i20 Coupe ја има преземено моторизацијата од стандардната хечбек изведба, односно на клиентите ќе им бидат понудени 1.25 бензински агрегат со моќ од 84 КС и вртежен момент од 122 Nm и 1.4 бензински мотор со 100 КС и максимален вртежен момент од 134 Nm, додека дизел понудата ќе ја чинат 1.1 моторот со 75 КС и вртежен момент од 180 Nm и 1.4 со моќ од 90 КС и вртежен момент од 240 Nm.

Продажбата на автомобилот на европските пазари ќе започне во март или април следната година.


Hyundai i20
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил