Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Новиот Kia Sorento освои пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за безбедност
 
Spodeli
10 December 2014, 22:26


Новиот Kia Sorento освои пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за безбедност KIA Sorento Новиот Kia Sorento освои пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за безбедност
Благодарение на цврстата каросерија и широкиот спектар на активна и пасивна безбедносна опрема, спортскиот теренец од Kia успеа да добие максимални оценки во сите четири категории...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Kia Sorento ги забележа следниве резултати: 90% од можните поени за заштита на возрасните патници, 83% за заштита на децата, 67% за заштита на пешаците и 71% во категоријата за системи за безбедност.

Sorento доби пофалба за просторот за патници кој останува стабилен и во случај на судир, додека на патниците со различна висина им нуди добра заштита, без оглед на нивното место во возилото. Сите патници - вклучувајќи ги и оние кои седат во третиот ред на седишта се безбедни при удар одзади, а автомобилот е безбеден и за пешаците поради хаубата со активно вдлабување.

Благодарение на зголемената употреба на челик со висока цврстина новиот Sorento има многу посилна структура. Стариот Sorento беше направен од 24,4% цврст челик (UHTS), додека кај новиот ваквиот материјал е застапен со дури 52,7 отсто, што придонесува за поголема отпорност на возилото во случај на несреќа.

Исто така кај новиот автомобил е двојно зголемена употребата на топло кован челик, односно на 10,1% за разлика од 4,1% кај неговиот претходник. Ова значително ги зајакнува A и B столбовите на возилото.


KIA Sorento
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил