Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Топ 12 најубави автомобили кај нас
 
Spodeli
10 December 2014, 06:02


Топ 12 најубави автомобили кај нас  Топ 12 најубави автомобили кај нас
После листата со најгрди автомобили кај нас, која предизвика многу бурни реакции, еве го противотровот, наречен 12 најубави автомобили кај нас. Можете и да не се сложите, како и секогаш. Сепак е гледиште на само еден човек кој случајно е и новинар за автомобилизам...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За да ги зачиниме работите малку повеќе, нема да ставаме суперспортски автомобили (извини Lamborghini Huracan) или пак модели кои одат високо над 100.000 евра, бидејќи сите се на некој начин убави и провокативни, а и не би било фер. Тука ќе се обидеме да ставиме автомобили кои се реално достапни за повеќето купувачи. А, да, без одбројување овој пат. Многу е тешко. По азбучен ред ќе бидат наредени. Одлучете вие кој е победникот!

Откако појаснивме, може да почнеме? Одлично:
 

Alfa Romeo Giulietta 

 
Веројатно сите модели на Alfa Romeo заслужуваа да се најдат во оваа листа, но, избрав еден, бидејќи тогаш би требала да биде топ 20 (Alfa Romeo 4C ќе влезе во некоја друга прилика, на најубави спортски автомобили, заедно со Ferrari и Lamborghini). Со лесна душа може да се каже дека ова е најубавиот компакт моментално, а веројатно и уште многу години, додека не пристигне наследникот. Делува како скапо парче накит, ексклузивно и екстравагантно. Вистински убавец. 
 

Audi A6 Avant

 
Опа, имаме и караван во листата! И кој друг, ако не A6 Avant? Дефинитивно поубав и од седан моделот, кој и самиот предизвикува многу погледи на улиците, овој караван изгледа повеќе спортски и елегантно, отколку како автомобил кој е наменет само за оние кои сакаат повеќе практичност.
 

BMW 4 Coupe

 
Иако во листава лесно би можела да влезе и 3-ката, нејзината купе верзија е онаа која најмногу привлекува погледи на улиците. Изгледа спортски и провокативно, со голема доза на елеганција. Линиите се чисти и трајни, па и ова купе, како и неговите претходници, е веќе инстантен класик.
 

Citroen DS5

 
Овој пат со премиум амбиции, новиот DS5 е првиот француски автомобил после долго време, кој не можам да престанам да го гледам кога поминува по патот. Делува подинамично и од некои спортски автомобили, иако е мешавина меѓу хечбек/караван/купе. Вистински празник за очите.
 

Fiat 500/Mini Cooper

 
Една ваква листа не смее да помине без ретро шарм, нели? Кога сме веќе кај него, два автомобили паѓаат на памет, односно Fiat 500 и Mini Cooper. Толку различни, а толку слични. Зошто се и двата на иста позиција? Едноставно, не можев да ги одделам. И плус, да има место за уште некој друг убавец.
 

Lexus IS

 
Неколкумина дури ми имаат кажано и дека им е грд. Не само што не се сложувам, туку лично, не можам да престанам да воздивнувам на комплексноста во дизајнот. Спротивно од тоа како што е напишано во книгите за дизајн, односно дека автомобил се црта со три главни линии, но не помалку ефективно. И што е најважно, по него се вртат и младо и старо, и машко и женско. Ѕверка!
 

Mazda 6

 
Јапонски автомобил (настрана од Lexus) кој би завршил во листа на најубави, е секогаш своевидно изненадување. Но, ако некој заслужува, тоа е посебниот, безвременски дизајн на новата 6-ка, кој вклопува успешно неколку меки и флуидни линии во една целина. Како да е извајан од некој уметник.
 

Mercedes – Benz A Class

 
Иако импресиите од нашето тест возење беа измешани, една работа не може да и се одземе на A класата, а тоа е дека изгледа фантастично, особено кај поспортските модели. Мали стакла и големи метални површини, е скоро секогаш рецепт за убав автомобил, а згора на тоа, поскапите модели доаѓаат со предна маска дизајнирана од нашиот дизајнер Славчо Таневски!
 

Peugeot RCZ

 
Да да, знам дека многу од вас ќе кажат дека е копија на Audi TT. Не само што не би се сложил, туку ќе кажам и дека изгледа и подобро од него. Скоро и да нема човек што не би се свртил по ова купе. Капата доле.
 

Range Rover Evoque

 
Првиот SUV кој делува вистински динамично и спортски, а притоа доволно ексклузивно за да го возите и до некоја вечерна промоција во еден од поскапите хотели... Делува нервозно и одважно од сите страни, како да е спремен за жесток напад. Чистите линии гарантираат дека ќе изгледа фантастично и после многу, многу години.
 

Renault Clio

 
Комфорно најубавиот автомобил во својата класа, новиот Clio привлекува погледи како ретко кој друг автомобил. Комплексен дизајн, но исклучително успешен, што не е секогаш случај во Renault (мислам на тебе, Vel Satis). Свежите бои дополнително го нагласуваат модерниот и привлечен изглед.
 

Seat Leon

 
Шпанскиот компакт и во претходната генерација изгледаше фантастично, но по мене, тука тоа е уште поизразено. Чист и спортски дизајн, зачинет со шпански шарм и топлина, доволно за да влезе во листата. Спортските модели изгледаат уште толку подобро и поатрактивно.
 
Знам, знам, сигурно заборавив некој автомобил. Се случува. Потсетете ме во коментарите подолу. И останете на оваа фреквенција, ќе си правиме и други вакви листи. Помалку и повеќе сериозни, но сите со подеднаква пасија и посветеност, само на koli.com.mk.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил