Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > DS World Paris го прослави првиот роденден
 
Spodeli
04 December 2014, 23:05


DS World Paris го прослави првиот роденден  DS World Paris го прослави првиот роденден
По отворањето на 27 ноември 2013-та, DS World Paris годинава го прославува својот прв роденден. „Престолнината“ на DS линијата се наоѓа во срцето на Париз, родното место на брендот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Една година по отворањето може да се каже дека DS World Paris успеа да ги привлече своите домашни и меѓународни фанови. Салонот е лоциран во познатата област на Париз позната како „златен триаголник“, чие опкружување доловува специфичен амбиент и целосно ги изразува суштината и естетиката на марката.

Во DS World Paris постојано е изложена актуелната понуда на брендот која се состои од моделите DS 3, DS 3 Cabrio, DS 4 и DS 5. Од нив, најдобро продавани модели по една година се DS 4 и DS 3.

Покрај производи, DS World Paris на своите клиенти им нуди и ексклузивни услуги како што се испорака на автомобилите до нивните домови и бесплатно сервисирање. Врската понатаму дополнително се зајакнува со организирање на специјални настани кои се дел од DS Privilege клубот и DS World Paris.

Меѓутоа, прекрасниот амбиент на DS World Paris не е наменет исклучиво за клиентите. Салонот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат нешто повеќе за богатата историја и наследството на брендот.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил