Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Toyota ги претстави унапредените системи за помош при паркирање
 
Spodeli
27 November 2014, 18:53


Toyota ги претстави унапредените системи за помош при паркирање  Toyota ги претстави унапредените системи за помош при паркирање
Toyota Motor Corporation ja унапреди својата технологија на интелигентен сонар (Intelligence Clearance Sonar - ICS), која служи за спречување или ублажување на ударите при паркирање и движење...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата технологија на јапонскиот производител овозможува и нов начин на преглед преку екранот за панорамски поглед, со што на возачите им се овозможува полесно да ја разгледаат околината околу себе пред да започнат да возат. Toyota планира ваквата технологија да ја вгради во своите модели чија промоција е закажана за 2015-та година.

Во постоечките модели на Toyota има уред кој помага да се избегне или ублажи судир во случај на нагло забрзување, поради притискање на погрешна педала. Новиот систем има повеќе сензори и може да детектира објекти кои се наоѓаат подалеку, бидејќи врши пошироко и подлабоко скенирање на просторот. Покрај тоа, подобрена е и логичката контрола со цел да се спречи или ублажи судирот со соседните возила или препреки, дури и кога не станува збор за притискање на погрешна педала, туку при возење со ниски брзини на паркинзи.

На екранот за панорамски поглед, кој во постоечките модели го прикажува возилото од птичја перспектива, вградена е функција која овозможува возачот да „гледа“ низ предметите. Со притискање на копче, возачот ја менува перспективата од птичја во „провидна“ при што автомобилот станува невидлив на дисплејот. На овој начин полесно се детектираат пречките, затоа што се појасно прикажани на екранот.

Toyota има вложено во многу иницијативи за безбедност на патиштата, од развој на побезбедни возила и технологии што помагаат да се создаде безбедна средина во сообраќајот, па се' до активности во поглед на едукација.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил