Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА       КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Тема > Спортскиот автомобил за вистинските уживатели – Alfa Romeo 4C
 
Spodeli
25 November 2014, 20:01


Спортскиот автомобил за вистинските уживатели – Alfa Romeo 4C Alfa Romeo 4C 2019 Спортскиот автомобил за вистинските уживатели – Alfa Romeo 4C
Чистокрвната Alfa Romeo штотуку се врати на улиците. Новата 4С е мал спортски автомобил но со големи аспирации, а тоа е да биде најдобриот возачки автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Рецептот е како од книгите. Мала, перо – лесна каросерија и мал, , лесен, турбо бензински мотор, кој извлекува максимум од својата работна зафатнина. Ваквиот пристап, историски, секогаш бил успешен, без исклучок. Но, Alfa не ќе е Alfa доколку не додаде и свој, дополнителен спин на работите, како на пример надворешниот дизајн. Не само што изгледа фантастично, туку 4C се чини ги буди и другите сетила и создава аура на динамичност, грациозност и моќ, карактеристични само за Alfa Romeo. Дизајн кој ќе трае. Засекогаш.
 

Идеална распределба на масата

Централно поставен мотор и погон на задните тркала. Така се прави спортски автомобил кој треба да пружи максимално возачко уживање. Во Alfa, распределбата на масата е 40% напред, 60% позади, поради подобар контакт со подлогата на задните тркала и полесно управување во влажни услови, но и кога силно ќе забревта турбо бензинецот...
 
 

Максимално искористен 1.75 литарски турбо бензинец

Всушност, со 240 КС при 6.000 врт/мин, односно 350 Nm достапни од 2.100 – 4.000 врт/мин, ова е еден од најмоќните бензинци со својата работна зафатнина, воопшто. Опремен е со најсовремен систем за директно впрскување на горивото со притисок од 200 бари, кој овозможува брз одговор на педалата за гас, што е од особена важност кај еден ваков автомобил. „Турбо дупката“ е скоро целосно анулирана, благодарение на напредниот Dual CVVT систем за управување со вентилите, како и турбо полначот со променлива геометрија. Блокот е целосно алуминиумски, што го прави агрегатот за 22 kg полесен во однос на истиот дизајн кој се вградува во Giulietta QV, но и многу поцврст и поотпорен на вибрации. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае само 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 258 km/h, нешто што не го може ниту еден друг автомобил со сила од 240 КС. Кај лежи тајната? Во супер брзиот 6-степен автоматски менувач со две спојки, но пред се, во супер ниската маса...
 
 

Каросерија од Карбон-Фибер и Алуминиум

Карбон-Фиберот, односно спојот на јаглеродни влакна со пластика, денес е најцврстиот и најлесен материјал за производство на каросерија за автомобилите. Затоа, во целосната конструкција на 4С, тој учествува со дури 25% од масата на возилото, што е исклучително висока бројка. Кај малиот италијански спортист, најмногу од овој материјал е употребен за изработка на монококот, односно носечкиот дел на каросеријата, кој тежи фантастично ниски 68 килограми! Но, не е само ниската маса импресивна. И покрај тоа што за изработката на монококот, Alfa Romeo употребува технологија од Ferrari од Formula 1, истовремено успева да произведе 1.000 примероци годишно, што не е случај со ниту еден друг производител на супер спортски автомобили! Покрај карбонот, голема е и употребата на алуминиум во подвозјето и решеткастата структура на покривот, што дополнително помага за намалување на масата, но и зголемување на цврстината на каросеријата. Alfa Romeo 4C дури има и потенки прозори од стандардните автомобили, за да се скрати некој килограм повеќе! Резултатот? Вкупна маса од само 895 килограми, помалку и од Fiat Panda!
 
 

Супериорна аеродинамика, без големи спојлери

Спојлерите можеби изгледаат кул, но, кај еден супер елегантен автомобил како 4С, воопшто не би одговарале. Затоа, инженерите задолжени за аеродинамиката, работеле заедно со дизајнерите, за да се постигне идеален сооднос меѓу нискиот отпор на воздухот и големиот “downforce”, односно потисок на подлогата, остварен од воздухот. Резултатот е коефициент на отпор на воздухот од само 0,34 Cd, односно потисок на подлогата карактеристичен за супер спортските модели на Ferrari.
 
 

Не е се во бројките

Погоре кажавме многу бројки и податоци кои импресионираат, но, кај Alfa Romeo 4C не се работи само за тоа што е напишано на хартија. Самата пасија на инженерите, внесена при целиот развој на ова мало, секси купе, како и грижливоста со која работникот рачно го склопува секој модел, прават едно посебно чувство кај сопственикот. Чувство дека вози историја и традиција... Дека вози една чистокрвна Alfa Romeo, со спортски гени на кои може да позавидат апсолутно сите други возачи на патот... Дека вози автомобил кој ги буди апсолутно сите сетила... Дека вози вистински спортски автомобил... Дека вози Alfa Romeo 4C.
 
 

Alfa Romeo 4C 2019
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тема



 
 
 
 






Одберете нов автомобил