Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Mercedes-Benz најави нова генерација на LED светла
 
Spodeli
18 November 2014, 21:44


Mercedes-Benz најави нова генерација на LED светла  Mercedes-Benz најави нова генерација на LED светла
Audi и BMW веќе се пренaсочија кон ласерски светла, но тоа не го спречи Mercedes да развие, како што рекоа официјалните извори, нова генерација на LED светла...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според информациите, германскиот производител наскоро ќе започне со производство на нови LED светла, кои ќе се состојат од 84 LED диоди. Иако тоа можеби не звучи премногу возбудливо, Mercedes наведува дека фаровите на актуелниот CLS имаат само 24 диоди, така што дополнителниот број на „светилки“ секако ќе овозможат повисоко ниво на осветлување.

Производителот исто така ги потврди плановите за воведување на т.н. High Range LED, односно долги LED светла во предните фарови на своите автомобили, што би требало да се случи во блиска иднина. Ваквите адаптивни светла треба да обезбедат „супериорни перформанси во осветлувањето над 600 метри, во ситуација кога нема други возила пред автомобилот“.

На крајот, уште информацијата дека од Mercedes ја критикуваат технологијата за ласерско осветлување, со образложение дека „LED технологијата може да обезбеди исти перформанси со пониски трошоци на производство, а со помал степен на сложеност на производот“.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил