Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Премиера – Nissan Pulsar
 
Spodeli
18 November 2014, 01:01


Премиера – Nissan Pulsar Nissan Pulsar Премиера – Nissan Pulsar
Pulsar е новиот обид на Nissan да одземе од колачот на најпопуларната класа во Европа, компактната, по неуспешниот обид на Tiida (ја памети некој?). Nissan се надева на голем хит и покрај тоа што купувачите денес брендот го асоцираат со кросоверите X-Trail, Qashqai и Juke....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Проект менаџерот на Nissan, Ендрју Ламберт, вели: „Qashqai е вистински успех, но не е идеално да ги имаме сите јајца во една кошница“, алудирајќи на тоа дека брендот не смее да си дозволи да присуствува само во еден сектор и продолжува „Продажбата можеме да ја зголемиме преку проширување на понудата и привлекување на повеќе купувачи, преку задоволување на нивните потреби. Исто така, мислиме дека можеме да донесеме нешто ново во секторот и за купувачите од другите брендови.“
 
 
Однадвор, Pulsar неодоливо потсетува на погоре споменатите кросовери на Nissan, што е секако добра работа, бидејќи токму таквиот пристап привлече многу купувачи, а и овозможува посилен настап на брендот и поголема препознатливост, што досега не беше карактеристика на јапонскиот производител. Надворешната форма е пред се елегантна и атлетска, исто како и внатрешната, но не е премногу агресивна и треба да ги привлече фамилијарно насочените купувачи, што всушност е и идејата на инженерите.
 
Всушност, Pulsar го има најголемото меѓуоскино растојание во класата, 2.700 mm и ветува убедливо најголем простор на задната клупа, поголем дури и од моделите од средната класа! Во бројки, тоа значи дека новиот компакт на Nissan нуди 692 mm простор за колената позади, што е повеќе од просекот на класата погоре (585 mm), односно, рамо до рамо со моделите од средно – високата класа. Багажникот брои 385 литри, што е во просекот на класата, но, како што викаме ние од коли, подобро повеќе простор за луѓето отколку за товарот. Со спуштањето на задните седишта се добива товарен простор од 1.395 литри. Но, Nissan оди понатаму што ветува и најмногу простор и на предните седишта, како и најголем среден потпирач за рака, кој ќе овозможи поудобни патувања и за возачот и за совозачот.
 
 
Во почеток, моторизацијата ќе ја сочинуваат два мотори, еден бензинец и еден дизел. И двата агрегати се веќе добро познати од Renault – Nissan алијансата и се вградуваат во неколку модели:
  • Бензинецот е 1.2 литарскиот DIG-T турбо мотор, со 115 КС достапни при 4.500 врт/мин, односно максимален вртежен момент од 190 Nm, достапен при 2.000 врт/мин. Забрзувањето до стотка со овој агрегат трае 10,7 секунди, што е во рамките на класата, но Nissan ветува многу подобри „реални“ перформанси, бидејќи самата природа на агрегатот е дека повлекува од многу ниски вртежи. Истиот е стандардно опремен со Start&Stop систем за гасење на моторот на семафор, што овозможува ниска просечна потрошувачка од само 5 литри на 100 km, односно емсија на CO2 од 117 g/km;
  • Дизелот е 1.5 литарскиот dCi агрегат со 110 КС познат од моделите на Renault, кој има просечна потрошувачка од само 3,6 литри на 100 km и има емисија на CO2 од само 94 g/km. Nissan има посветено посебно внимание не подобрување на рафинираноста, односно намалување на вибрациите, особено при палењето/гасењето на стандардниот Start&Stop систем;
И двата мотори се достапни со мануелни менувачи со 6 степени, додека бензинскиот агрегат ќе биде достапен и со безстепен CVT менувач XTronic. Понудата на агрегатите многу добро го најавува и квалитетот на возењето – Pulsar е пред се наменет за фамилијарните купувачи и според тоа особено внимание е посветено на удобноста и рафинираноста (за репер бил земен Volkswagen Golf), на сметка на динамичките својства, особено бидејќи моделот не се ни нуди со мултилинк оска во задниот дел, туку со обична торзиона оска.
 
 
Голем напредок, не само за Nissan, туку и за целата компактна класа се сите технологии кои се вградени во Pulsar. Имено, ова е прв модел во класата кој ќе има камери поставени на сите агли од возилото (Around View Monitor), кои, со помош на процесирање, на екранот во внатрешноста даваат птичји поглед на автомобилот, со сите препреки одоколу, што е идеално за паркинзите. Исто така, системот е опремен со аудио и визуелно предупредување, доколку некој објект се приближува кон возилото, а не можат да го видат камерите (пешаци и слично). За прв пат во класата, задната камера за паркирање ќе има сопствен систем за чистење, додека целата технологија за зголемување на безбедноста е заокружена со системи за предупредување при поминување преку лента, без да се даде трепкач, како и ретровизори кои означуваат доколку има автомобил во мртвиот агол и LED предните светла... На крај, ова е меѓу првите модели во сегментот кои нудат радар во предниот дел на возилото, кој автоматски го забавува возилото доколку возачот на го направи тоа.
 
 
Целосно гледано, Nissan се чини има солиден конкурент во класата, одлично надополнувајќи ги другите модели во класата и освежувајќи го сегментот на компактни автомобили. За финалниот збор, сепак ќе почекаме тест возење, а до тогаш, сите заинтересирани, моделот можат да го погледнат во салоните на Nissan. 

Nissan Pulsar
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил