Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Познатата лимузина од Škoda отсега достапна и со погон на сите четири тркала
 
Spodeli
06 November 2014, 16:48


Познатата лимузина од Škoda отсега достапна и со погон на сите четири тркала Škoda Octavia Combi 4x4 Познатата лимузина од Škoda отсега достапна и со погон на сите четири тркала
Да, станува збор за Škoda Octavia...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Понудата на автомобили со погон на сите четири тркала од Škoda достигна седум модели, а како најнов е лимузинската изведба на моделот Octavia. Автомобилот е комбинација на практична лимузина, која добро се справува во секојдневните услови, и возило кое е способно да се справи со тежок терен, лизгава подлога, снег и се она со кое не може да се справи обичниот семеен автомобил.

Сето ова е возможно благодарение на 4x4 системот на Škoda, кој досега добро се покажа во претходните модели. При нормални услови на возење, силата од агрегатот е пренесена само на предните тркала, но доколку системот забележи како предната оска го губи контактот со подлогата, во дел од секунда ја вклучува и задната оска. За автомобилот да биде уште поимпресивен, сериски е опремен со блокада на диференцијалот (EDL) и иновативна мулти линк задна оска, која е составена од една надолжна и три попречни водилки по тркало и стабилизатор. Интеракцијата помеѓу овие технологии овозможува понатамошно задоволство при возењето, врвно управување и голем капацитет за влечење. Кога веќе спомнавме влечење, вреди да се каже дека 2 латарскиот TDI мотор со 150 КС има можност да влече до два тона. Но литата на агрегати не застанува овде.

Автомобилот ќе биде достапен со вкупно четири мотори, од кои 3 турбо дизелски и еден турбо бензинец. Како почетен модел е земен 1.6 TDI агрегатот со Green tec технологијата. На располагање ви нуди 105 КС, а комбинираната просечна потрошувачка изнесува 4.5l/100km. Со основниот мотор, Octavia 4x4 забрзува до 100 km/h за 11.5 секунди, додека максималната брзина изнесува 191 km/h. Следен на листата е 2.0 TDI со 150 КС. Како што погоре кажавме, овој агрегат има способност да влече товар со тежина од 2 тона. Но кога автомобилот е нетоварен, забрзувањето до 100 kм/h трае 8.6 секунди, а максималната брзина изнесува 215 km/h. За крај на дизелската линија го имате 2.0 TDI со 180 КС. Ова е најсилниот дизелски агрегат во понудата, кој иако доаѓа со импресивна моќ, неговата потрошувачка е навистина смешна. 4.9l/100 km, за автомобилот кој забрзува до 100 km/h за 7.1 секунда и максимална брзина од 228 km/h.

За крај остана единствениот бензинец во понудата. Станува збор за 1.8 литарски TSI мотор со Green tec технологија. Агрегатот во себе носи добри 180 КС, а стандардно доаѓа со шест степен автоматски DSG менувач. Комбинираната просечна потрошувачка изнесува 6.7l/100 km, што е соодветно на 154 g/km емисии на CO2. Octavia 4х4 1.8 TSI достигнува максимална брзина од 229 km/h, а за забрзување до 100 km/h потребни се само 7.4 секунди. Со новата Octavia 4x4 лимузина, понудата на 4x4 модели од ŠKODA сега брои седум возила: ŠKODA Octavia 4х4, ŠKODA Octavia Combi 4х4, ŠKODA Octavia Scout, ŠKODA Yeti 4х4 и ŠKODA Yeti Outdoor 4х4, како и ŠKODA Superb 4х4 и ŠKODA Superb Combi 4х4. Со сите овие модели во компактната и средната класа ŠKODA има најнова и најширока понуда на возила со погон на сите тркала во Европа.


Škoda Octavia Combi 4x4
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил