Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новата Corsa - мал градски автомобил кој поставува нови стандарди
 
Spodeli
29 October 2014, 20:04


Новата Corsa - мал градски автомобил кој поставува нови стандарди Opel Corsa Новата Corsa - мал градски автомобил кој поставува нови стандарди
Бројките од минатото поставуваат високи очекувања - низ четири генерации во период од 32 години продадени се околу 12,4 милиони примероци...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Заедно со моделот Astra, Corsa е еден од најпопуларните модели на германскиот произведувач и претставува преку една четвртина од целокупната продажба на компанијата. Малиот автомобил секако ќе биде достапен со три и пет врати. Моментално автомобилот претставува четврт најпродаван модел во Европа, но со новата, петта генерација, се очекува вистински “бум” на пазарот.

Новата генерација на Corsa во себе носи доволно ниво на свежина која му беше потребна на пазарот, посебно vo сегментот на мали градски автомобили. Автомобилот нуди нов изглед и ново искуство при возењето. Неодолив дизајн комбиниран со неповторливиот германски инженеринг го прават возилото подобро од било кога. За автомобилот може надолго и нашироко да се кажува, но ќе пробаме во кратки црти да ви го пренесеме најдоброто од новата генерација на Opel Corsa.

 
 
Потполна прецизност: Нова шасија за врвна стабилност при возењето
 
Нова шасија во цела смисла на зборот. Новиот автомобил нема да дели ниту еден дел со претходната генерација. Стабилноста при праволиниското движење, како и движењето по свиоци е значително зголемена, благодарение на спуштениот центар на гравитација за 5mm. Ова е достигнато со новата суспензија, на која германците потрошија добар број на работни часови во бројни тестирања. Вреди да се спомне дека автомобилот ќе пристигне со електричен серво управувач, кој автоматски ќе се прилагодува според брзината на движење.
 
 
Сила и удобност: Нов, трицилиндричен агрегат и нов менувач за максимална забава
 
Најголемо внимание привлече она што се крие под поклопецот на новата Corsa. Станува збор за новиот трицилиндричен агрегат со работна зафатнина од 1 литар, потпомогнат од турбо полнач, кој работи во комбинација со системот на директно вбризгување на гориво. Овој ултра-модерен агрегат во “џебен формат дебитираше со моделот ADAM и постави нови стандарди во својата класа, со ниско ниво на бука, вибрации и грубост, како и високо ниво на удобност и еластичност при возењето.
 
Агрегатот е изработен комплетно од алуминиум и содржу контра-ротирачка балансирачка осовина. Достапен е во две конфигурации, со 90 КС и 115 КС. Двете верзии се нормално направени според ЕУРО 6 стандардот. Верзијата со 90 КС во просек ќе треба да троши 4,3l/100km.
 
Во понудата на бензински мотори ќе се приклучат и 1.2 и 1.4 литарските агрегати. Новитет ќе биде 1.4 литарскиот турбо мотор со 100 КС и 200 Nm максимален вртежен момент, достапен од 1.850 до 3.500 вртежи. Во однос на дизелксиот агрегат, станува збор за 1.3 литарски CDTi агрегат, кој исто така доаѓа во 2 верзии, односно со 75 КС и 95 КС. Како најекономичен се покажа моделот со 95 коњски сили, на кој минимално му се потребни 3,2l/100km.
 
Меѓутоа, возењето на новата Corsa не е подобрена само од новите агрегати. Голема улога играат потполно ново изработените менувачи. 1.0 литарскиот турбо агрегат ќе биде побрзан со шест степен мануелен менувач, а како додатна опрема ќе биде приклучен новиот шест степен автоматски менувач. 
 
 
Елеганција: Нов дизајн и нова внатрешност кој резултира во ентериер со чисти линии и нов IntelliLink систем
 
Дизајнерите на новата Corsa ја искомбинираа нејзината популарност, динамична силуета со течни, извајани линии и прецизни детали кои се типични за Opel-овиот дизајн. На предниот дел од автомобилот преовладува сосема нов стил, во кој се вклучени елегантно обликуваните светла, кои работат во комбинација со LED дневните светла. Во однос на задниот дел, хоризонтално поделени задни светла го прават автомобилот визуелно поширок и го истакнуваат неговиот спортски изглед.
 
Во внатрешноста ќе ве пречека висококвалитетна кабина, која е исто времено елегантна и модерна, а дизајнерите се погрижија да донесат ново ниво на префинетост. Вашиот поглед ќе биде привлечен од IntalliLink инфо-забавниот систем кој се состои од 7 инчен екран во боја кој работи на допир, сместен на средината на централната конзола. Овој систем нуди оптимални можности за поврзување, а има можност да се поврзе со Apple и Android уредите, што ја прави новата Corsa еден од најдобите автомобли во класата на мали возила во поглед на комуникацијата.
 
Помош на пат: Ултрамодерен систем кој ја зголемува удобноста и безбедноста при возењето
 
“Со петтата генерација на моделот Corsa сакаме да понудиме ново искуство при возењето во оваа класа”, изјави др. Карл Томас Нојман – генерален директор на Opel. При возењето имате можност да изберете Градски режим на управување, кој е достапен и во стандардната верзија на автомобилот. Со овој режим се зголемува моќта на електричниот серво управувач, што е голем плус при маневрирање во урбаните подрачја.
 
Во стандардната опрема ќе биде вклучена и поддршка при тргнување на нагорнина, која автоматски ги задржува сопирачките за додатни 2 секунди, при што возилото може да тргне без употреба на паркинг сопирачката. Автомобилот исто така има можност автоматски да се паркира, без никаква помош на возачот. Покрај автоматското паркирање, автомобилот внимава на вас и при возењето. Ултра-звучни сензори кои го следат мртвиот агол на возилото, при што му даваат дознаење на возачот доколку друго возило ви се приближува, а не можете да го видите на страничните огледала. За понатамошно зголемување на безбедноста при возењето, новата генерација на Corsa може да се опреми со Bi-Xenon светлосен систем, кој ги насочува светлата кон правецот на движење на возилото.
 
Најавите се добри. Како и за секој нов автомобил, станува да видиме дали и колку спектакуларните најави ќе се остварат во и во реалниот свет. 
 

Opel Corsa
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил