Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Volvo го откри концепт агрегатот Drive-E со импресивни 450 КС
 
Spodeli
29 October 2014, 10:14


Volvo го откри концепт агрегатот Drive-E со импресивни 450 КС  Volvo го откри концепт агрегатот Drive-E со импресивни 450 КС
Volvo ни пренесува нова комбинација на перформанси и ефикасност со новиот Drive-E агрегат...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за иновативна “Triple Boost” технологија која го појача 2 литарскиот четирицилиндричен агрегат на 450 КС. Ова е уште еден доказ дека Volvo се посветени да им понудат на своите клиенти врвно уживање во возењето, со мали ресурси. Како најзаслужни за оваа креација е инженерскиот тим на Volvo, кој го демонстрираше своето технолошко водство во производството на турбо агрегатите.

“Кога во 2013 година го претставивме првиот Drive-E агрегат, целта ни беше да го понудиме најнапредниот четирицилиндричен агрегат во автомобилската индустрија. Агрегатот произведуваше 320 КС, но тоа беше само почеток. Со новиот агрегат кој ви нуди 450 КС ги демонстрираме нашите амбиции и можности”, истакна потпретседателот во одделот за развој во Volvo Car групацијата. High Performance Drive-E концептот се базира на нова технологија која е невообичаена за агрегатите со 4 цилиндри.

Моторот е опремен со два паралелно поставени турбо полначи и еден електрично покренат компресор. Воздухот кој доаѓа од компресорот е пратен кон двата турбо полначи, а од другата страна горивото се вбризгува преку две пумпи за гориво, кои работат под притисок од 250 бари. Оваа комбинација овозможува максимален доток на погонската сила, без губење на силата на турбо полначите.

Денес турбо полначите се широко распространети во автомобилската индустрија, но најголем проблем претставува времето кое е потребно за турбината да ја искористи целата сила. Но со претходно поставениот електричен компресор се избегнуваат загубите кои се присутни кај познатите турбо агрегати.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил