Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Пристигнува “набилданиот“ DS3 Racing
 
Spodeli
24 February 2010, 13:27


Пристигнува “набилданиот“ DS3 Racing Citroën DS3 Racing Пристигнува “набилданиот“ DS3 Racing
По стандардниот, во втората половина од оваа година пристигнува неговиот брат близнак со изразити спортски перформанси, кој ќе биде достапен само во 1000 примерока....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со 5 светски рели титули во конкуренција на конструктори и 6 светски титули во конкуренција на возачи позади името на Себастиан Лоеб, Citroen ги урна сите рекорди во автомобилската историја. Авантурата продолжува и со моделот DS3 Racing. Инжинерите од Citroen му подариле вистински спортски карактер на овој автомобил кој ќе биде комерцијализиран во 1000 примерока.



Неговите привлечни а во исто време и флуидни и затегнати линии оставаат впечаток на урбан градски автомобил со спортски дух во себе. Целиот дизајн е превземен од стандардниот DS3, но од него се разликува по своите обележја произлезени од тркачкиот свет.

Украсните налепници на кровот, вратите и вратичката за гориво го откриваат тркачкиот нагон кој му го дава овој убавец на возачот, а од друга страна ентериерот нуди голема доза на луксуз, препознатливост и оригиналност. Карбонските материјали се забележуваат на делови на воланот, држачите за раце и инструменталната табла. Посебен шарм на брзиот DS3 му дава означената нумерирана плочка на кровот и натписот DS3 Racing на наслонот на седиштата.



За моторот да има складност со спортскиот изглед, инженерите го развиле на основа на 1,6 литарскиот THP турбобензинец со 150 кс. Додатните напори генерирале од овој мотор уште 50 кс за да му дадат на DS3 Racing вкупно 200 кс кој заедно со зголемениот вртежен момент од  240 на 275 Nm, нудат енормна доза на адреналин при возењето.

Citroen отишол чекор понапред кога е во прашање шасијата на спортскиот DS3. Поставената цел за нудење на ултра спортски автомобил кој овозможува безпрекорно уживање е остварена. Каросеријата е спуштена за 15 mm, а тркалата и напред и назад се проширени за 30 mm со гуми со димензии од 205/40 R 18.



Уште попрецизниот менувач е прилагоден на темпераментот на возењето кој го има “набилданиот“ DS3. Управувањето и кочењето на новиот член на Citroen фамилијата е складно дефиниран со светот на тркачките автомобили. ESP системот е специфично програмиран и можно е да се исклучи, а тоа искусните возачи и тоа како знаат да го искористат...





Стари коментари
Kolicevo e nesto so vredi dase imaaa.!!! Perfekten vo sekoj pogled>!!!
Напишан од Reaper  пред  околу 121 месеци
Лелеее интериерот грми.......... јако јако ::))
Напишан од Mr.doni  пред  околу 121 месеци
kolava e zakon i mnogu trkacki dizajn ima
Напишан од bose  пред  околу 121 месеци
kolava e zakon i mnogu trkacki dizajn ima
Напишан од bose  пред  околу 121 месеци
spacek kola lie
Напишан од dizi  пред  околу 121 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил