Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Отсега и во Македонија - Професионално тјунирање со уредите на AlienTech
 
Spodeli
22 October 2014, 17:38


Отсега и во Македонија - Професионално тјунирање со уредите на AlienTech  Отсега и во Македонија - Професионално тјунирање со уредите на AlienTech
Alientech е италијанска компанија основана во 1991 година, во гратчето Трино. Почетоците на развојот се базираат на истражување на електрониката која во тој период започнува да се вградува во возилата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во продолжение, читателите на koli.mk имаат ексклузивна можност да го проследат интервјуто со г-дин Зоран Темелковски, технички советник во компанијата „Еуроимпекс“ со цел подобро да се информираат за уредите на италијанскиот производител.

П. На саемот „Технома“ 2014 беше извршено официјално претставување на  AlienTech уредите. Поконкретно, која е функцијата на AlienTech уредите, а што претставува CSS тјунингот?

О. Alientech е италијанска компанија основана во 1991 година, во гратчето Трино. Почетоците на развојот се базираат на истражување на електрониката која во тој период започнува да се вградува во возилата. Понатаму компанијата стартува со производство на уреди за тјунирање. Што конкретно тоа значи? Основната функција на уредите на  AlienTech е читање и повторно враќање на софтверот кој е снимен во моторна контролана единица (ECU) во самите возила. Додека пак, во лабораторијата на CSS Performance Tuning Словенија, прочитаниот софтвер од возилото може да го модифицираме, подобриме, тјунираме и комплетно да го истестираме, пред повторно да го вратиме во возилото.

П. Што бараат клиентите кога е во прашање тјунирање на нивното возило? Кои се придобивките за клиентот?

О. Постојат повеќе нивоа на тјунирање и тоа:

Фаза 1 - Со оваа фаза на тјунирање на возилата се добива зголемена флексибилност, еластичност и најбитниот дел е зголемена економичност односно помала потрошувачка  на возилата. Оваа фаза е најзастапена и најбарана во Македонија.

Фаза 2 е модификација малку поагресивна од фаза 1. Во втората фаза потребно е и замена на одредени делови од возилото.

Фаза 3 е позната како „максимални перформанси, но во оваа фаза исто како и во фаза 2, потребно е замена на одредени делови во возилото како и подобрување на системот за кочење на самото возило. Оваа фаза се користи за мото спортови.

П. Што „Еуроимпекс“ може да понуди на потенцијалните клиенти?

О. Тјунирањето возила кај нас е надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила. „Еуроимпекс“, по своето 24 годишно искуство, продолжува со својот развој. Нашата понуда со својот концепт е единствена на Македонскиот пазар. Работиме професионален тјунинг на возила од сите брендови и модели, со уредите на AlienTech од Италија и лиценцирани софтвери на CSS Performance Tuning од Словенија, што е многу значајно. Покрај тјунингот ние нудиме дијагностика и сервисирање на возила, како и поправка на моторни компјутерски единици, компјутери за AIRBAG и други системи на автоелектрониката, која може да се најде во современите возила. Дијагностиката ја вршиме со различни дијагностички уреди, соодветни од за секој тип на возило. Воедно, за прв пат во Македонија, заинтересираните лица за тјунирање на своето возило, овозможуваме да направат компаративен тест меѓу тјунирано и нетјунирано возило и реално ја воочат разликата.

П. Зошто велите дека понудата на „Еуроимпекс“ е единствена на Македонскиот пазар? Во што сте подобри?

О. Многу едноставно. За секое извршено тјнирање во нашата компанија работиме детално, секој софтвер се тестира пред негово враќање во возилото, а за секое извршено тјнирање клиентот добива доживотна гаранција.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
 
 






Одберете нов автомобил