Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Кога големината е важна – Mitsubishi L200
 
Spodeli
23 February 2010, 14:28


Кога големината е важна – Mitsubishi L200 Mitsubishi L200 - old Кога големината е важна – Mitsubishi L200
Дали е важна големината? Во Mitsubishi се сигурни дека некој сантиметар повеќе е големо значење. Затоа и на освежената верзија на L200 и додадоа 18 сантиметри, покрај стандардните промени во дизајнот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Пикапот на Mitsubishi, кој веќе 40 години се одржува како еден од најпопуларните на пазарот, прво со името Forte, a потоа како Strada, ја доживеа најновата генерација, која е всушност освежен модел на претходната L200-ка.

Главната промена се однесува на самите димензии на автомобилот. Новајлијата е подолг за 18 сантиметри, што отвора многу повеќе товарен простор во задниот дел. Товарниот модел со единечна кабина, добива и подлабок товарен простор за 57 mm, што дополнително ја зголемува неговата ефикасност.



Во понуда повторно ќе има три различни каросериски изведби. Првата со единечна кабина ќе биде наменета пред се за товарање, бидејќи ќе може да пренесе само двајца патници. Верзијата со продолжена кабина ќе може да пренесе четири патници, но во ограничен комфор, додека верзијата со дупла кабина ќе може да смести пет возрасни патници во целосен комфор.

Голем плус за L200 во однос на конкурентите е и резултатот на Euro NCAP тестирањата. Со четири ѕвездички, стилскиот пикап на Mitsubishi го има најдобриот резултат во класата.

Надворешно, L200 сега изгледа многу поробусно, благодарение на поголемата употреба на хромирани и сребрени украси, како и на вградувањето на нови алуминиумски тркала. Внатрешноста профитира и од нов дизајн на управувачот, по теркот на Lancer и Outlander, како и од поквалитетни материјали и побогата со опрема централна конзола.

Моторизацијата ќе ја сочинуваат веќе постоечкиот 2.5 Di-D дизел со 136 КС и новиот, посилен 2.5 Di-D дизел со моќни 178 КС. Погонот на сите четири тркала е стандарден и тоа со редуктор за безгрижно влегување во сите поголеми препреки.

Според тоа, и покрај првичната намена за товарно возило, L200 може да биде и одличен придружник на сите љубители на оф роуд возењето, кои не се спремни да одвојат висока сума на пари за подеднакво голем теренец. Mitsubishi L200 ќе ги задоволи и најпребирливите за возење на терен, а притоа поседува и висок стил и имиџ на спортско и авантуристичко возило.



Бидејќи се работи за комерцијално возило, L200 може да се набави со поврат на ДДВ, што значително ја снижува неговата цена. На нашиот пазар ќе се нуди само дуплата кабина, чија цена за основниот модел со моторот со 136 КС и EASY select систем за погон на сите 4 тркала, алуминиумски фелни, клима уред, серво управувач, електрика на стакла, хромиран пакет, кожен пакет,  изнесува 19.900€ (1.233.800 денари) + ддв. Цената со ДДВ е 23.480 евра.

Во понуда влегуваат и уште два побогати пакети на опрема, со посилниот мотор. Цената на Intense + пакетот изнесува 26.980 евра, додека најсилно опремениот Instyle Navi чини 34.480 евра. Цените на овие модели се со вклучен ДДВ.


Mitsubishi L200 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
OVA E ZAKON
Напишан од ZAKON  пред  околу 101 месеци
Ova e slikano vo Skopje, na promocijata na noviot L200 pred vinarijata na Kamnik.
Напишан од ivana  пред  околу 117 месеци
Valjda u Debar kaj branata :-)
Напишан од Gjuro  пред  околу 117 месеци
Valjda u Debar kaj branata :-)
Напишан од Gjuro  пред  околу 117 месеци
bas e dobar i top fotografii. kade e slikano ova?
Напишан од marko  пред  околу 117 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил