Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Презентација на новиот Peugeot Boxer - „Технома“ 2014
 
Spodeli
17 October 2014, 19:52


Презентација на новиот Peugeot Boxer - „Технома“ 2014 Peugeot Boxer Презентација на новиот Peugeot Boxer - „Технома“ 2014
Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора, на саемот „Технома“ пред македонската јавност го претстави новиот Boxer, а потоа и Alientech уредите за кои компанијата има застапништво...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Peugeot Boxer e возило наменето за професионалци кои бараат врвен квалитет, ефикасност и  економичност. Располага со сосема нов и современ дизајн со значително изменет преден дел, нов облик на фаровите, стандардни дневни светла и светла со LED технологија како опција. Предниот браник е испакнат повеќе отколку кај претходникот. Двете кружни вдлабувања во долниот дел се наменети за светла за магла.

„Професионалците во Peugeot имаат извршено темелно тестирање на издржливоста, на секој елемент кај новиот Boxer. Во тој процес на тестирање новиот Boxer има изминато преку 4.000.000 km во екстремни услови, на различни терени, дури и на терени со големо оштетување. Воедно, направени се и тестирања во климатска комора и тестови од корозија со цел да се обезбеди максимален квалитет и издржливост. Системот за вбризгување кај 2,2 дизелските мотори, е целосно редизајниран што директно го зголемува степенот на ефикасност. Еуро 5 моторите кај овој модел се фокусирани кон ниска потрошувачка и ниска емисија на CO“ – истакна Ивана Манчева, маркетинг директор.

Новиот Boxer има значителни подобрувања во повеќе елементи, и тоа:

- Каросеријата на новиот Boxer има дополнителни зајакнувања

- Челичната структура е цврста и прави блок за да ги заштити патниците

- Предните врати имаат интегрирано дополнителни зајакнувања

- Нивото на бука во кабината е намалено, благодарение на новите носачи на амортизерите, кои дополнително придонесуваат за стабилност на возилото под оптоварување 

- Странична лизгачка врата, како и другите врати на новиот Boxer, располагаат со нови, значително подобрени механизми.

- Во предниот дел на возило постојат програмирани зони за деформација кои балансираат (ја впиваат енергијата) во случај на удар

- Предниот трап е конструиран за во случај на фронтален удар префрли дел од енергијата под каросеријата

- Во зависност од верзијата, подот располага со 12 или 14 прстени за прицврстување на товарот за поголема безбедност. Товарниот простор е со рамни површини кои овозможуваат непречен товар и максимално користење на просторот.

- Кај Новиот Boxer активната и пасивната безбедност се на високо ниво, така што истиот е опремен со ESP уште во основното ниво на опременост. 

- Како опција, новиот Boxer може да биде опремен со камера за паркирање наназад, која дава предупредување и пресметка не само за потребниот простор за поставување на возилото, туку го предвидува и просторот за да може да се отворат задните врати.

Во зависност од бизнис потребите, кај новиот Boxer професионалците можат да изберат меѓу четири должини и три висини, осум корисни волумени и тоа од 8 до 17m3 како и различни носивости кои се директно зависни од изборот на мотор и изведбата и можат да варираат од 1.155 до 1.900 kg. Воедно, ова возило ќе одговори на сите барања, овозможувајќи избор меѓу: затворен и застаклен фургон, фургон со два реда седишта, минибус за превоз на патници, сандучар со кабина или двојна кабина, шасија со кабина или двојна кабина.

Automobiles Peugeot е сигурен дека има создадено возило кое ги пресретнува потребите на професионалците.

 Alientech - нова технологија за првпат во Македонија

Италијанската компанија Alientech е основана во 1991-ва година, кога започнува со истражување на електрониката која во тој момент почнува да се имплементира во возилата.

- Во 1992 година го прават првиот софтвер за модификација на софтверот (remapping), на мотoрниот контролен модул (ECU) и отворен e првиот онлајн сервис со база на податоци (BBS).

- Во 1997 година се развива STEKIO, алатка која помага да се измери мешавината на горивото, компaктен и лесно пренослив.

- Во 1999 година се усовршува и се произведува STEKIO II.

- ECM2001 е пуштен  во 2001-ва.

- 2007 е година на Powergate 2, направен со поголем екран и за зголемен број на типови возила.

- 2009 година направен е KESSv2 - систем кој работи преку дијагностичкиот приклучок. Достапен за автомобили, мотоцикли, камиони, трактори и чамци.

- 2013 е година на Powergate 3, програматор кој работи со OBDII конекција. Достапен за секого, овозможува лесна промена на софтверот и наменет за автомобили, камиони, трактори и чамци.

„Alientech продажната мрежа опфаќа: 5 застапници во Америка, 1 застапник во Африка, 7 застапници во Азија, 5 застапници во Океанија и најбројни се во Европа - 65 застапници. Еуроимпекс станува 66-тиот застапник на уредите на Alientech за Македонија“ – со гордост изјави Зоран Темелковски, технички советник.


Peugeot Boxer
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил