Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Tesla ја претстави Dual Motor изведбата
 
Spodeli
14 October 2014, 22:37


Tesla ја претстави Dual Motor изведбата  Tesla ја претстави Dual Motor изведбата
Се работи за изведба која ќе понуди значително подобрени возни својства и одлични перформанси, особено кога станува збор за забрзувањето ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Неодамна проструи информацијата дека Tesla Motors се подготвува за промоција на моделот D, а сега дознаваме дека во номенклатурата на Tesla ознаката D стои за Dual Motor што всушност значи дека ќе станува збор за модел со погон на сите четири тркала.

Поконкретно, во понудата ќе се најдат три D изведби односно 60D, 85D и P85D. Врвот на понудата ќе го претставува P85D кој до 100 km/h ќе забрзува за 3,3 секунди, додека пак неговата максимална брзина ќе изнесува 250 km/h. Се работи за модел со батерии од 85 kWh чии два електрични мотора (сместени на предната и задната оска) развиваат комбинирана моќност од 551 kW односно 700 КС со максимален вртежен момент од 930 Nm.

Со вградувањето на вториот мотор тежината на автомобилот е зголемена за 132 kg, така што сега изнесува 2.239 kg (во сооднос 50 - 50), но без позначајни визуелни разлики. Што се однесува до автономијата, производителот информира дека за 60D таа изнесува 362 km, за 85D - 475 km а за P85D - 374 km. Со други зборови, кај првите два модела истата е зголемена за 27 односно 16 km, додека кај најсилната изведба е намалена за 16 km.

Со новата моторизација, што секако ќе се одрази на цената на овие возила, Tesla Motors го претстави и т.н. автопилот односно полу - автономен систем кој користи камери и радари за скенирање на околината, со што му помага на возачот при управувањето со автомобилот, а во одредени случаи и целосно ја презема контролата врз управувачот. Овој систем се' уште е во фаза на развој а неговата комерцијализација може да се очекува за пет до шест години.

Повеќе можете да дознаете од видеата во продолжение...





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил