Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Барикело најдобар по дождот на Херес
 
Spodeli
19 February 2010, 14:07


Барикело најдобар по дождот на Херес  Барикело најдобар по дождот на Херес
Пилотот на Вилијамс, Рубенс Барикело постигна најдобар резултат на вчерашниот втор ден од тренинзите на пистата Херес....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дождовното време во Шпанија продолжи и вчера, при што патеката остана мокра во текот на целиот ден. Барикело го извозе најбрзиот круг попладне, кога условите за возење беа и најдобри.

Одлично претставување покажа и новиот пилот на Рено, Витали Петров. Русинот постигна втор резултат откако го престигна Себастијан Фетел со болидот на Ред Бул, кој исто така се движи со помош на мотор од Рено.

Четврти вчера остана пилотот на Мерцедес ГП, Нико Розберг а на петото место заврши Фелипе Маса со Ферари. Луис Хамилтон не успеа да го подобри своето претставување во текот на целиот ден, Британецот имаше многу потешкотии и остана на десеттата позиција.

Во текот на вчерашниот ден четири пати беа развиорени црвените знамиња. Еднаш поради инцидент кој го предизвика пилотот на Лотус, Хајки Ковалаинен поради излетување од пистата при што го демолираше болидот на Лотус.

Од причина што од тимот немале резервно предно крило за нив вчерашниот ден заврши многу рано.

Извор: Спорт Денес
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил