Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Кубица потврден во Renault, Сена пред договор
 
Spodeli
14 October 2009, 21:06


Кубица потврден во Renault, Сена пред договор  Кубица потврден во Renault, Сена пред договор
Францускиот тим во средата објави дека Полјакот ќе го замени Фернандо Алонсо како нивен прв возач, како што впрочем долго беше најавувано....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кубица својот прв Ф1 – тест го имаше токму со овој тим како награда за освоената титула во Светската серија на Renault во 2005 година. Веќе од следната сезона Полјакот почна да настапува за BMW Sauber, при што забележа една пол – позиција и една победа. 
 
За него, в.д тимскиот шеф Боб Бел вели дека одамна го “меркале“.
 
“ - Роберт го запознавме како еден од најталентираните возачи на својата генерација, репутација која тој досега успеа да ја одбрани и одлично е што ќе го имаме во нашиот тим идната сезона. Renault има големи амбиции и надежи за иднината и мислиме дека Роберт може да одигра голема улога во остварувањето на истите„
 
Од своја страна, Кубица смета дека на некој начин се враќа на своите корени.
 
“ - Чувствувам дека имам специјална поврзаност со овој тим бидејќи ми го даде првиот тест, што потоа водеше до мој влез во Формула 1. Со Renault делам силен победнички менталитет и ми годи нивниот отворен и пријателски имиџ во падокот. Многу сум мотивиран и оптимист дека заедно можеме да бидеме на врвот следната година.„
 
Сепак, не беше прецизирано на колку години потпишал Кубица, ни колку ќе заработува, ни кој ќе му биде партнер.
 
Истовремено, своите шанси идната година да биде во Формула 1 Бруно Сена ги процени на 95%. Големата бразилска надеж сезонава ја помина во Ле Ман серијата, каде имаше забележителни настапи и стекна вредно искуство. За идната сезона, за внукот на Аиртон во игра се два од четирите нови тима (Lotus, US F1, Manor и Campos), иако има понуда и од Force India. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил