Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Suzuki со гордост ја претставува новата Vitara. Погледнете што се крие во неа
 
Spodeli
12 October 2014, 16:25


Suzuki со гордост ја претставува новата Vitara. Погледнете што се крие во неа Suzuki Vitara Suzuki со гордост ја претставува новата Vitara. Погледнете што се крие во неа
Почнувајќи од првата генерација која беше претставена далечната 1988 година, моделот Vitara беше синоним за модерен стил, компактност, комфор и секако незаменливи оф-роуд способности...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сега, по речиси 26 години на повидок е нов модел кој ќе се справи со модерното време, а притоа во себе ги носи старите јапонски корени. Со текот на времето Vitara се менуваше. Промени во надворешниот изглед, промени во техничките карактеристики и промени во внатрешноста, се со цел да се направи совршено возило за секојдневна употреба.

По она што го видовме кај новиот модел, може да кажеме дека Suzuki успеа во својата мисија, креирање на совршено возило. На прв поглед возилото делува модерно, но со доза на цврстина, која ни нагласува за каков вид на возило се работи. Доколку детално го простудирате екстериерот, ќе забележите неколку отвори на предниот браник и линии кои се протегаат преку целото возило, а потоа се спуштаат кон задниот дел. 

 
 
Да, тоа изгледа добро, но е поставено со намена. Аеродинамиката е значително подобрена за разлика од претходната генерација, што е голем плус, затоа што знаеме како аеродинамиката се одразува кон возилото.
 
Во кабината ќе се сретнете со обликувана инструмент-табла и дизајн во “U” форма околу рачката за менувачот. За добриот внатрешен стајлинг придонесуваат кружниот саат, како и издувните пропусти за воздух кои ќе ве потсетат на Grand Vitara моделот. Она што е исто така интересно за овој модел е можноста комплетно да го персонализирате по ваш избор. Во понудата се вклучени 15 палети на бои, вклучувајќи 3 сосема нови нијанси, како и неколку двобојни комбинации. Но изборот не завршува овде. Имате можност да изберете во каква боја да бидат деталите на браниците и предната маска, како и голем избор во поглед на бојата на елементите во внатрешноста. 
 
 
Во однос на техничките карактеристики, односно моторизацијата на новиот модел - достапен во две варијанти, автомобилот пристигнува со еден бензински и еден дизелски агрегат. Двете варијанти се со идентична работна зафатнина од 1.600 кубни cm и исто ниво на моќ. Со бензинецот добивате 118 КС и 156Nm вртежен момент, додека на друга страна го имате дизелскиот мотор со 118 КС, но со двојно поголем вртежен момент од 320Nm. Во понудата ќе бидат вклучени мануелен и автоматски менувач. Мануелниот менувач пристигнува со 5 степени за бензинскиот агрегат и 6 степени за дизелската варијанта. Но доколку не сте љубител на мануелниот бирач на степени, тогаш го имате новиот автоматски менувач кој ветува прецизна контрола на возилото, ниска потрошувачка и намалена бучава произведена од менувачот.
 
 
Погонот може да биде само на предните тркала или на сите 4 тракала благодарение на ALL GRIP системот, за кој неколку пати веќе пишувавме.
 
Станува збор за интелигентен систем кој константно добива информации од предните тркала и ги споредува со задните тркала. Доколку предните тркала започнат да пролизгуваат, ALL GRIP инстантно го детектира пролизгувањето и во погон ги вклучува задните тркала. При возењето ќе имате избор помеѓу 4 режими на овој систем.
 
1. Автоматски
 
Автоматскиот режим во принцип го пренесува погонот само кон предните тркала, се додека не дојде до пролизгување на истите. Со овој режим добивате најдобра потрошувачка на гориво во секојдневна употреба.
 
2. Спорт
 
Како што ни кажува името, овој режим е наменет за поспортско возење, иако автомобилот не е во класата на спортски автомобили. Овој режим работи во погон на сите 4 тркала, притоа координирајќи го нивото на сила пренесено на предната и задната оска.

3. Снег
 
Овој режим е идеален за возење по лизгав коловоз или било каква лизгава подлога. Системот во потполност работи во погон на сите 4 тракала и пренесува моќ на она тркало на кое е најпотребно. 
 
4. “Lock”
 
Режимот “Lock” е наменет за најтешките оф-роуд ситуации, мраз, кал и песок. Системот против пролизгување во соработка со диференцијалот ја пренесува силата од агрегатот на она тркало кое има најдобро триење со подлогата. 
 
 
ALL GRIP системот ќе се погрижи за возењето кое ќе се одвива надвор од коловозот, но што кога ќе се најдете на асфалтна делница? Овде во игра доаѓа RBS системот кој константно го набљудува патот. Овој систем работи со помош на паметен радар, кој може да забележи опасност дури и при големи брзини во темни услови. Доколку системот забележи било каква опасност пред возилото, со звучен сигнал му дава дознаење на возачот. Доколку возачот не го сопре возилото, системот ги употребува сопирачките, со што ја намалува брзината со можност да се избегне ударот. 
 
Ова е вовед за она што не очекува по лансирањет на автомобилот во продажба при почетокот на идната година, а почетната цена за новиот модел ќе биде објавена наскоро. Секако дека, во истиот период го очекуваме и во Македонија. 

Suzuki Vitara
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил