Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Штандот на Jeep на саемот во Париз
 
Spodeli
12 October 2014, 15:02


Штандот на Jeep на саемот во Париз  Штандот на Jeep на саемот во Париз
За да го прослави својот комерцијален успех и да го презентира целиот спектар на Jeep, марката одлучи на саемот за автомобили во Париз да се презентира на начин што оставa силeн визуелeн впечаток...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Слободата, автентичноста, страстa и желбата да се истражуваат нови хоризонти се веќе докажани доблести на марката Jeep, кои годинава оставија особено силен впечаток врз купувачите од Европа, каде што беше остварен раст од 48,1 отсто во јули и 45,2 проценти во август. Исто така во првите осум месеци од 2014-та се регистрирани повеќе од 21.700 нови Jeep автомобили, што е за 44,7 отсто повеќе од истиот период минатата година.

За да го прослави својот комерцијален успех и да го презентира целиот спектар на Jeep, марката одлучи на саемот за автомобили во Париз да се презентира на начин што ќе остави силен визуелен впечаток кај посетителите. Опкружувањето се карактеризира со широки површини прекриени со фино изработени природни материјали, како дрво и камен, што ја изразуваат совршената комбинација на природни пејзажи и урбана средина, а во исто време му даваат на изложбениот простор софистициран изглед со висока естетика.

Дел од штандот е посветен на ексклузивните Jeep додатоци и оригинални резервни делови направени во соработка со Mopar, брендот кој соработува со Fiat Chrysler Automobiles во поглед на сервисирање, грижа за корисници и продажба на оригинални резервни делови и галантерија.

Конечно, на саемот за автомобили во Париз, како дел од штандот на Jeep, корисниците ќе можат да се запознаат и со компанијата FGA Capital - финансиска компанија специјализирана во автомобилскиот сектор, која нуди иновативни финансиски пакети што го олеснуваат купувањето и сервисирањето на моделите од Jeep.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил