Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Топ 7 најгрди автомобили кај нас
 
Spodeli
12 October 2014, 15:03


Топ 7 најгрди автомобили кај нас  Топ 7 најгрди автомобили кај нас
Да, знам, убавината е субјективна работа. Но, ова е колумна и е баш субјективен поглед на убавината на некои возила. Секако, може да се отвори и расправа на темата во коментарите подолу. НЕ МОРА да се сложувате со мене ;)...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Нормално, пишуваме за актуелни модели, кои се моментално на пазарот. Не најгрди во историјата. Таков текст ќе оставиме за друг пат.

Ќе почнам со еден премиум модел, зошто знам дека тоа и најмногу ќе чешка. Како инаку би развиле дискусија? Почнуваме со одбројување...
 

7. Porsche Panamera

 
Знам, знам. Ќе се фатите на ова. И покрај тоа што со големите димензии остава силен впечаток на патот, останува фактот дека Panamera е грд автомобил. Задниот крај, едноставно не одговара на целиот дизајн на возилото. Да, од Porsche сакале да го зачуваат традиционалниот дизајн и тоа е ок, но во тој процес направиле само еден грд автомобил.
 

6. Dacia Lodgy

 
Може е практичен и евтин, но Lodgy сигурно не е убав автомобил. Изгледа пренапумпано, полошо и од сите комбиња на кои може да ми текне и дури и 16 инчните тркала, на него изгледаат како тркалца од количка за супер маркет. Некој Французин од Renault со неколку потези во предниот и задниот крај веројатно се обидел да го освежи катастрофалниот дизајн, но, по мене, само го влошил.
 

5. Ford Focus

 
Со редизајнот од пред неколку месеци, Ford делумно го среди Focus-от, но што е со задните светла, кои се всушност странични? Уште не можам да откријам зошто, но полош заден крај не сум видел од времето на моноволуменското Seat Toledo. Пренапумпан, пренападен... Премногу за моите очи.
 

4. Chevrolet Orlando

 
Фино фрижидерче ова. Модерно. Се мислев дали и ова да го кажам, ама потсетува и на гробарски автомобил. Да де, сакале да извадат максимум простор. Но, има и други што вадат простор и што изгледаат илјадници пати поубаво.
 

3. BMW 5 GT

 
Иако моментално BMW не се продава кај нас, претпоставив дека тоа набрзо ќе се случи. Ќе бидам и искрен, не можев и не смеев да го испуштам 5 GT. Толку незграпно дизајниран премиум модел не паметам, па, никогаш. Имало некои што не ми биле убави, вклучувајќи го и Х6, но ова е грдо. Протестирајте во коментарите, мене пак ми е грдо.
 

2. Mitsubishi Space Star

 
Искрено, сум видел поубави машини за перење од оваа... Освен што Space Star е автомобил. Крајно неимагинативно, со дизајн кој нема да помине во ниту една деценија од постоењето на автомобилот. Дури и истренираното око, лесно би го згрешило за некој кинески, ултра евтин автомобил. 
 

1. SsangYong Rodius

 
Страшно е како воопшто можел овој дизајн да излезе на производната лента. Не знам кој го цртал, не знам што било идејата, ама ова е измачување за окото на гледачот. Уште помалку можам да ги разберам оние кои потрошиле пари за него. Со сета почит.
 
Ви се допаѓа размислувањето? Не ви се допаѓа? Слободно пишете во коментарите подолу. Ќе продискутираме.
 
П.С. Нормално, после овој текст, следува и топ листа на најубавите. Слободно пуштете некоја идеја.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил