Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > До каде е Стефан ГП?
 
Spodeli
19 February 2010, 13:59


До каде е Стефан ГП?  До каде е Стефан ГП?
Српскиот тим Стефан ГП повторно го отвори прашањето за 14-ти тим во Формула 1 оваа година....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тимот со големи амбиции, кој сè уште нема лиценца за настап во оваа сезона, според најавите го комплетирал и возачкиот кадар. Веќе се шпекулира со имињата на возачите, при што веднаш беше објавено името на Казуки Накаџима, кој имаше поддршка од Тојота во Формула 1, тимот кој по повлекувањето го отстапи болидот и базата во Келн на српскиот колектив.

Швајцарскиот весник Моторспорт Актуел го спомена Карун Чандок, кој веќе беше поврзан и со седиште во Кампос. Се верува дека Индиецот би донел приходи во висина од шест милиони долари. Иако младиот возач има регуларен договор во ГП2 серијата, претпоставка е дека во неговиот договор постои клаузула која би му дозволила да се натпреварува во Формула 1, ако му е достапно седиште во некој од тимовите. Сепак, младиот Чандок веднаш ги негираше гласините, но потврди дека самиот тој е заинтересиран за место во спортот.

„Изненаден сум што се појавија извештаите. Не сум потпишал договор со ниту еден тим. Ова е шпекулација, но би сакал да се оствари. Зборувам со тимовите од август 2009 година и засега, опциите ми се отворени“ - изјави Индиецот за ДНА Индија.

Најновото име поврзано со Стефан ГП е поранешниот Ф1 шампион, Жак Вилнев. Канаѓанецот очајнички се обидува да се врати во спортот, а силната најава за откажувањето на УСФ1 би му ги отворило вратите преку српскиот тим.

Покрај комплетирањето на возачката двојка, тимот има уште поголеми амбиции. Се очекува Стефан ГП да одржи самостојна тест сесија следната недела на патеката Портимао во Португалија. Аутоспорт оди до таму, што објави дека зад воланот ќе биде токму Вилнев.

„Имаме многу преговори, но сè уште ништо не е потполно средено. Близу сме до одлуката за возачите и многу брзо официјално ќе ги објавиме имињата. Во моментов сè уште не, но наскоро. Не можеме да ги потврдиме ниту имињата“ - изјави Зоран Стефановиќ за италијанскиот сајт 422race.com, не појаснувајќи кој сè е инволвиран со тимот.

„Не знам од каде излезе ова, но Дејв Рајан, поранешниот технички директор на Мекларен, не е поврзан со нашиот тим. Едноставно, не е. Колин Колс има договор со нас, но не е дел од тимот“- додава Србинот, за уште поголема конфузија.

Во овој период се прошири можност за реализација на идејата за соединување на Кампос и УСФ1, чии проблеми постојано нараснуваат. Свое учество во овој случај би имал и тимот на Стефан ГП, кој упорно се обидува да изнајде начин да се приклучи на Ф1 карванот во Бахреин. Српскиот тим неколку пати демонстрираше силна желба и максимална подготвеност да биде дел од Формула 1 елитата, но неговата иднина зависи од (не)успешноста на Кампос и УСФ1 во изнаоѓањето на вистинската насока на движење на тимовите.

Светскиот шампион во Формула 1 од 1997 Жак Вилнев во меѓувреме може да се активира во така наречениот „циркус на тркала“, соопштува авторитативното списание Ф1 рејсинг.

Според наводите во текстот тој очекува понуда од новата екипа Стефан ГП, бидејќи сопствениците кои потекнуваат од Србија веќе имаат интензивни преговори со првиот човек на овој спорт барни Еклстоун и постојат големи шанси набрзо да бидат вклучени и на списокот на екипи кои ќе се натпреваруваат во двете конкуренции. Во исто време и Еклстоун лобира, токму Стефан ГП да започне веќе во претстојниот шампионат бидејќи американскиот USF1 навлезе во сериозна финансиска криза и постои можност да ја загуби добиената лиценца.

Во меѓувреме се наведува дека и тимот на Лотус се уште нема официјализиран договор а тоа значи дека и отворена врата за наредниот шампионат.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил