Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Париз 2014 - интересни модели
 
Spodeli
09 October 2014, 15:56


Париз 2014 - интересни модели  Париз 2014 - интересни модели
Нови и добри автомобили, на саемот во Париз има во изобилие. Ова се дел од нашите фаворити...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Renault Espace

 
 
Овој автомобил претставува комбинација од најдобрите елементи од претходните генерации на Espace. Лесна шасија, комфор и пространа кабина со одлична видливост.
 
Kia Sorento
 
 
Значително подобрен квалитет, за разлика од она што беше досега достапно од Kia. Затоа овој автомобил се најде на нашата листа.
 
Mercedes AMG GT
 
 
Стариот добар германски дизајн... Повторно докажа како тоа се прави. Автомобилот, освен што изгледа совршеноо, секако се очекува и така да вози. Во себе носи 4 литарски V8  агрегат кој претставува сериозна закана за конкуренцијата.
 
Mazda MX-5
 
 
Добро познатиот MX-5 доби нова генерација. Спортски автомобил направен со најдобриот “рецепт”. Лесна шасија, мал но силен мотор и погон на задните тркала.
 
Volkswagen XL Sport
 
 
XL Sport претставува одличен пример до каде може да дојде германската креативност и иновативност. Забрзување до 100 km/h за 5.7 секунди, максимална брзина од 268 km/h и потрошувачка помала од 1l на 100 km. Звучи неверојатно.
 
Audi TT Roadster
 
 
Нема подобро од спортски кабрио  автомобил... Посебно кога станува збор за познатиот Audi TT. Со цена повисока за околу 3000 евра за разлика од стандардниот модел, овој автомобил дефинитивно заслужи место на оваа листа.
 
 
Mercedes-AMG C 63 Estate
 
 
Комбинацијата на агресивен изглед, многу моќ и караванска изведба била секогаш интересна. За овој автомобил може да кажеме дека во себе има се што некогаш ќе ви затреба. Прекрасен изглед на кој може да се восхитувате секојдневно, ексклузивен ентериер кој ќе ве натера да потрошите повеќе време во автомобилот и, 4 литарски V8 агрегат кој ви нуди максимално уживање при возењето.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил