Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > 6 нешта што ги научивме од Авто саемот во Париз
 
Spodeli
07 October 2014, 17:13


6 нешта што ги научивме од Авто саемот во Париз  6 нешта што ги научивме од Авто саемот во Париз
Овогодинешниот авто саем во Париз им одржа лекција на сите останати како треба да изгледа еден саем на автмобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Многу нови автомобили, многу нова технологија и концепт возила, но што заклучивме од овој саем?

1. Крoс-овер револуцијата продолжува

Крос-овер возилата полека но сигурно стануваат тренд. Оваа класа се прослави по претставувањето на Nissan Qashqai. На саемот во Париз видовме многу возила од оваа класа. Toyota, Peugeot, Citroen, SsangYong, Honda, Fiat и Jeep претставија мали возила и концепти со погон на сите 4 тркалa.

2. Fiat со својот модел Fiat 500

Автомобилските компании некогаш едноставно сакаат да ги вратат во живот старите автомобили, но Fiat ги помери тие граници. Љубовта кон стариот ретро автомобил ја искажаа така што произведоа повеќе варијанти од новиот Fiat 500. Можете да добиете стандарден 500, спортски Fiat 500, фамилијарен Fiat 500, крос-овер, а скоро се појави и 500x.

3. Еко технологијата може да ги спаси спортските автомобили

Нормално ние љубителите на автомобили сакаме компаниите да продолжат со производство на прекрасни и апсурдно моќни патни ракети, но регулациите не го велат истото. Поради зголемената загаденост автомобилските компании се принудени да произведуваат агрегати со помала зафатнина што резултира во помала моќ. Како алтернатива на досегашните бензински ѕверки се најдоа хибридните спортски автомобили. Неколку автомобили од овој вид беа претставени на саемот во Париз, почнувајќи од Lamborghini Asterion па се до XL Sport моделот на Volkswagen.

4. Преовладува сината боја

Речиси на секој чекор на овој авто саем може да видите едно сино возило. Иако сината боја не изгледа добро на секој автомобил, изложените автомобили на саемот го немаа тој проблем. За пример служат новиот Civic Type-R, Lamborghini Asterion, Skoda Fabia, VW XL Sport, Peugeot 308 GT итн.

5. Потрошувачката на гориво претставува смешна тема

Доколку потрошувачката на гориво ја гледате како голем проблем, со новите автомобили овој проблем ќе остане во историјата. На саемот беа претставени низа возила со рекордно ниска потрошувачка. Почнувајќи од Citroen Cactus Airflow кој се очекува да има просечна потрошувачка од само 2l на 100 km. Како автомобили во оваа класа може да ги вброиме Passat GTE Хибрид и Renault EOLAB.

6. Авто саемите се сеуште живи

Речиси 90% од автомобилите беа претставени пред саемот во Париз. Овде би се запрашале зошто воопшто постои овој саем? Факт е дека на овој саем беше собрана целата автомобилска индустрија, заедно со своите најнови производи, на едно место. Тоа им дава можност на медиумите да ги соберат сите потребни информации, за сите автомобили. Замислете колку време би им било потребно на медиумите да дојдат до овие информации доколку не постои еден ваков саем?





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил