Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Fiat го претстави 500X
 
Spodeli
04 October 2014, 19:06


Fiat го претстави 500X Fiat 500X CityLook Fiat го претстави 500X
На саемот за автомобили во Париз, италијанскиот производител претстави уште еден нов член на семејството 500. Овој пат станува збор за crossover со назив 500X, чија продажба ќе започне на почетокот од следната година ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Fiat 500X е технички „близнак“ со Jeep Renegade, долг е 4,25 m (теренската изведба е за 20 mm подолга), широк 1,8 и висок 1,6 m, додека капацитетот на багажниот простор изнесува 330 l. Внатрешноста во голема мера е преземена од претходните изведби на моделот 500, но со квалитетот на изработка, опремата и изгледот на екстериерот, овој автомобил би требало да ја оправда својата цена и позицијата во премиум сегментот.

Моторизацијата најпрво ќе ја чинат 1.4 Turbo MultiAir II со моќ 104 kW односно 140 КС во комбинација со 6-брзински рачен менувач и погон на предните тркала, како и два дизел Multijet II агрегати со зафатнина од 1,6 односно 2,0 литри и моќ од 90 kW (120 КС) и 104 kW (140 КС). Првиот од нив ќе располага со 6-брзински рачен менувач и погон на предните тркала, додека другиот ќе биде поврзан со нов 9-брзински автоматски менувач и постојан погон на четири тркала. Подоцна понудата ќе биде проширена и со други агрегати.

Теренската верзија ќе биде опремена со Drive Modе Selector за прилагодување на работата на моторот, кочниците, воланот и менувачот, овозможувајќи избор меѓу три режими на работа во зависност од стилот на возење и условите на патот: Auto, Sport i All weather.


Fiat 500X CityLook
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил