Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Претставен новиот Renault Espace
 
Spodeli
04 October 2014, 17:35


Претставен новиот Renault Espace Renault Espace - old3 Претставен новиот Renault Espace
Новата генерација, претставена на саемот во Париз, е полесна за околу 250 килограми, што заедно со напредната моторизацијата ќе придонесе за 20% подобрена економичност...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Петтата генерација на автомобилот се базира на нова платформа, може да се пофали со целосно изменет дизајн во споредба со својот претходник, а францускиот производител новитетот го сместува и во сосема друг сегмент. Во основа и натаму станува збор за MPV, но многу елементи јасно укажуваат на SUV односно crossover карактер.

Подвозејто е повисоко во однос на претходниот модел, иако генерално автомобилот е за 63 mm понизок. Исто така, новитетот е за 16 mm подолг, а подобрени се и неговите аеродинамични својства.

Вреди да се спомене дека новата генерација е за околу 250 килограми полесна, што заедно со напредната моторизацијата ќе придонесе за 20% подобрена економичност. Добар дел од споменатата заштеда на килограми се должи на новата модуларна платформа CMF (Common Module Family), но и на зголемената употребата на лесни материјали како алуминиум, пластика итн.

Моторизацијата се состои од три турбо агрегати со зафатнина од 1,6 литри. Поконкретно, станува збор за два dCi дизел мотори со моќ од 130 КС (95 kW, 320 Nm) и 160 КС (118 kW, 380 Nm). Тука е и bi turbo моторот поврзан со 7-брзински автоматски EDC (Efficient Dual Clutch) пренос со двојнa спојка. Бензинскиот агрегат ТСe 200 го претставува врвот на понудата и развива моќност од 200 КС (147 kW) со максимален вртежен момент од 260 Nm. Овој мотор исто така е поврзан со EDC пренос.

Од Renault гарантираат висок квалитет на изработка, повисоко ниво на практичност, функционалност и комфор за патниците, додека посебно внимание е посветено на безбедноста па така новиот Espace располага со широк „арсенал“ на заштитна опрема, како што се воздушни перничиња, сензори, системи за помош на возачот и сл.

Продажбата на автомобилот е закажана за крајот на оваа односно почетокот на следната година.

 


Renault Espace - old3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил