Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Шуми еуфоричен: Имам болид со кој можам да ја освојам титулата!
 
Spodeli
17 February 2010, 16:30


Шуми еуфоричен: Имам болид со кој можам да ја освојам титулата!  Шуми еуфоричен: Имам болид со кој можам да ја освојам титулата!
Повратникот во Формула 1, Михаел Шумахер, е убеден дека болидот на Мерецедес во кој ќе се натпреварува во престојната сезона е доволно добар за борба за титулата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тестирањата во Валенсија и Херез не ни покажаа некоја брилијантна форма на Мерцедес, но седумкратниот светски шампион е одушевен од болидот.

Иако призна дека не може да го споредува сегашниот болид со минатогодишниот, кога тимот го носеше името на БраунГП, Шуми нималку не се двоуми дека автомобилот на Мерцедес е навистина компетитивен.

„Потполно сум убеден дека имаме болид со кој ќе се натпреваруваме за титулата. Тешко е да се каже каде сме во однос на минатата година бидејќи не ги знам податоците за минатосезонскиот болид.“ - изјави германецот, додавајќи дека повторно ужива зад управувачот по тригодишната пауза.

„Повторно да се вози ваков автомобил, тоа е она старото чувство кое многу добро го познавам. Ништо не се споредува со тоа. Моите батерии на крајот од 2006-та година, кога се пензионирав, беа празни. Не сакав да продолжам така. Но, тие сега се повторно полни, а добро знаете што значи тоа.“ - заклучи популарниот Шуми.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил