Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Fiat го претстави освежениот Doblo
 
Spodeli
29 September 2014, 19:58


Fiat го претстави освежениот Doblo Fiat Doblo Fiat го претстави освежениот Doblo
Италијанскиот производител, во Хановер ја претстави редизајнираната изведба на моделот Doblo, која покрај промените во надворешноста и ентериерот носи и зголемена ефикасност ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поконкретно, освежениот Doblо може да се пофали со нов преден браник, пониско позиционирани отвори за влез на воздух и светла за магла, нови задни светла и сл. Покрај тоа, внатрешноста ќе биде освежена со модифицирана инструмент табла, нова предна клупа и подобрена звучна изолација.

Понудата на бензински мотори ќе се состои од атмосферскиот 1.4 агрегат со моќ од 95 КС и максимален вртежен момент од 127 Nm, односно 1.4 во турбо изведба со 120 КС и максимален вртежен момент од 206 Nm. Вториот ќе биде достапен и во т.н. dual fuel изведба која покрај бензин ќе може да користи и метан.

Моторизацијата ќе вклучува и 1.3 и 1.6-литарски Multijet II турбо дизел агрегати, од кои помалиот ќе развива моќ од 66 kW односно 90 КС и максимален вртежен момент од 200 Nm, додека пак поголемиот ќе располага со 77 kW односно 105 КС. Италијанскиот производител тврди дека и двата мотори ќе бидат до 40% поефикасни од изведбите кои беа користени во претходната верзија на автомобилот, а тука е и EcoJet пакетот достапен со два дизел агрегати кои ќе овозможат значително намалување на потрошувачката на гориво и штетните емисии.

Ова пред се' се должи на старт-стоп системот, гумите со низок отпор, „интелигентниот“ алтернатор, новиот aero kit итн. Генерално, EcoJet овозможува просечна потрошувачка од 4,4 l/100 km и емисија на CO2 од 115 g/km.

На крајот, да споменеме дека на некои пазари ќе биде достапен и 2.0 Multijet II со моќ 135 КС и максимален вртежен момент од 320 Nm. Како и да е, продажбата на освежениот Doblо ќе започне на почетокот од следната година, а клиентите ќе можат да избираат меѓу неколку каросериски изведби за различни намени.


Fiat Doblo
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил