Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > Citroen со автомобил кој троши 2 литри на 100 километри
 
Spodeli
23 September 2014, 15:44


Citroen со автомобил кој троши 2 литри на 100 километри  Citroen со автомобил кој троши 2 литри на 100 километри
Доколку се суди според најавите, претстојниот саем за автомобили во Париз ќе биде во знакот на економичноста, а бидејќи тоа е домашен терен за Renault, Peugeot и Citroen, се очекува француските производители да го имаат главниот збор ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најпрво Peugeot ја најави хибридната изведба на моделот 208, која наместо електричен мотор и батерии, комбинира бензински агрегат со погон на компримиран воздух, потоа Renault ја покажа својата „хибридна лабораторија“ на четири тркала односно моделот EOLAB чија потрошувачка е декларирана на еден литар гориво на стотина километри, а сега тука е и C4 Cactus Airflow 2L Concept.

Кросоверот од Citroen го користи истиот погон како и братскиот модел од Peugeot - веќе споменатиот Peugeot 208 Airflow 2L. Ова значи дека под хаубата е сместен 1,2-литарски, 3-цилиндричен бензински мотор од 82 КС, поврзан со хидрауличен систем на компримиран воздух и автоматски менувач.

Но, тоа не е се'.

При конструкцијата, Французите користеле јаглеродни влакна, алуминиум, челик со висока цврстина и поликарбонат наместо стакло, поради што тежината на и онака лесниот Cactus сега е намалена за 100 килограми и изнесува само 865 килограми. Аеродинамиката на новиот автомобил е подобрена за околу 20 проценти.

Cactus на компримиран воздух дефинитивно изгледа како футуристички автомобил, но всушност станува збор за многу реален концепт кој наскоро може да стане реалност и во сообраќајот.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил