Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Возевме Citroen DS3 - вистински пространо и функционално компактно купе
 
Spodeli
16 February 2010, 12:43


Возевме Citroen DS3 - вистински пространо и функционално компактно купе Citroën DS3 Возевме Citroen DS3 - вистински пространо и функционално компактно купе
Светската премиера во Париз на првиот од серијата DS модели на Citroen ни овозможи првично запознавање со моделот. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во однос на идејата на производителот за моделот веќе пишувавме на koli.com.mk. Следи она главното. Како вози DS3. На тест го имавме 1,6 THP турбо моторот со 150 КС.

Освен што е најавуван како нов мал убавец низ градските урбани средини со намера да стане модна икона, автомобилот овозможува ултимативно возачко доживување. Од Citroen најавуваат дека во однос на возните својства и задоволството при управувањето ќе може да му конкурираат и на Mini. Првично се уверивме, Да. Но, има навистина разлика помеѓу DS3 и Mini.



Користејќи го слоганот  ”Kреативна технологија”, францускиот производител успеа да направи склоп на автомобил во кој ќе биде задоволен возачот, но и другите патници во автомобилот. Апсолутно заборуваме за практичен семеен автомобил базиран на C3, со сосема солидна удобност и понуден простор.

DS3 се однесува стабилно, многу е агилен и создава чувство на целосна контрола зад управувачот. Комбинирајќи ја забавата со неверојатната леснотија во секојдневното управување, DS3 го носи возачот поблиску до патот и му овозможува неверојатно лесно возење по свиоците. За Винсент Бесон, Директор за Маркетинг стратегија на Citroen, „возењето DS3 е како да ги имате тркалата на врвот од своите прсти“. Неговата агилност, овозможува инстантни и остри реакции, комбинирани со највисоки нивоа на контрола и безбедност. А згора на тоа, не изостанува високото ниво на комфор карактеристично за Citroen.

Следејќи ја филозофијата за намалување на масата
Динамичен и наметлив, DS3 поставува нови стандарди кога е во прашање комфорот и задоволството зад воланот. Citroen  направи големи напори да ја задржи масата на DS3 до минимум, притоа користејќи нов план за развој, со кој е постигната максимална цврстина на каросеријата, но и вистински оптимизирана потрошувачка.

Основите зад врвните возни својства се шасијата, со Мак-ферсон суспензија напред и флексибилна торзиона оска во задниот дел, пружините и амортизерите кои се перфектно развиени за да го „читаат“ патот, овозможувајќи висока контрола и лесно управување дури и при најбрзото влегување во свиоците. Дополнително, управувањето е подобрено преку малиот волан (363 mm), а е калибрирано за исклучителна прецизност. Ова му овозможува на возачот да ги постави тркалата токму каде што тој сака, независно од брзината, во секој момент. Во прилог на доловување на високото чувство на контрола, развојниот процес одел и до седиштата и гумите, осигурувајќи перфектно чувство за странична поддршка и секако стабилност.

Понуда на мотори
Бидејќи секој добар автомобил треба да има и добри мотори, DS3 доаѓа со пет мотори кои ги задоволуваат Euro 5 нормите за издувни гасови:
-    2 дизелски HDi мотори со 90, односно 110 КС, достапни со пет, односно шест степен мануелен менувач;
-    3 бензинци, 1,4 VTi со 95 КС, 1,6 VTi со 120 КС и 1,6 THP турбо мотор со 150 КС. Двата посилни мотори се достапни со шест степен, додека најслабиот е со пет степен мануелен менувач

Спортско уживање, но на француски начин
Резултатот на напорите на дизајнерскиот тим да креира мускулесто, но сепак сензуално и нежно тело, со динамички линии се пренесува и на чувството при возење. Спортско-елегантиот дизајн на управувачот,  со мускулест изглед и хромирани детали ја доловува поентата на автомобилот – да возите, а да го правите тоа на софистициран начин и секако во никој случај да не ви биде непријатно – вам и на тие со вас.



Секако, за купувачите кои имаат различни потреби во однос на поспортското или покомфорно возење, тука е изборот на  16 или 17 инчни тркала. Дури и моделот со 17-ки апсолутно го има она француското во себе, стабилен, управлив, но по никоја цена неудобен, нешто слично како Golf во својата класа. Сосема солиден е и менувачот, наменет за подинамично менување на степените на пренос

Исклучително простран и практичен хечбек автомобил
Друг иновативен аспект на DS3 е што чистите надворешни линии, придонесуваат за исклучително простран и функционален хечбек. DS3 вади максимум од надворешните димензии (3,95 метри должина, 1,71 ширина и 1,46 висина), преку новата иновативна архитектура. На пример, предната арматура е поставена повисоко, за да се ослободи простор за нозете на патниците во предниот дел, додека тенките седишта со дизајн како на автомобилите од високата класа, ослободуваат простор во задниот дел. Овие дизајнерски потези, овозможиле сместување на пет комфорни места за седење во внатрешноста, многу простор за оставање ситници (фиока од 13 литри пред совозачот), како и голем багажен простор од 285 литри со делива задна клупа во однос 60:40.

На возачот му се достапни и системи за помош во возењето, како на пример ограничувач на брзината, темпомат и индикатори за менување на степените на пренос. Со доплата може да се добие и софистицираната MyWay навигација, со екран во боја и можност за репродукција на MP3 и Bluetooth конекција.

Без компромис во поглед на безбедноста
Бидејќи не прави компромиси во однос на безбедноста, Citroen го опреми DS3 со нов, побезбеден систем за кочење со ABS+EBD+EBA (систем против блокирање на тркалата+систем за електронска дистрибуција на силата до секое тркало+систем за ненадејно кочење), додека стандарден ќе биде и ESP системот за контрола на стабилноста на возилото. Од пасивната безбедност, тука се шесте воздушни перничиња и сигурносните ремени во три точки со автоматска регулација.

Бидејќи возачкото искуство треба да биде и одговорно искуство, Citroen DS3 е дизајниран со респект кон околината. Неговите CО2 емисии целосно ги задоволуваат високите стандарди поставени од Citroen. Како доказ за тоа е и послабата дизел верзија, која испушта само 99 g/km CO2 при комбиниран циклус на возење.

Елегантниот супермини изненадува со функционалноста
Со 3,95 метри должина и 1,71 метар ширина, DS3 е еден од најкомпактните модели во сегментот. Висината од 1,46 метри, дава динамично чувство на целиот автомобил. А со кругот на свртување од само 10,2 метри, DS3 е лесен за паркирање и возење низ тесните градски улици.

Во исто време, новиот Hi-Fi систем со сараунд е збогатен со врвната звучна изолација. На овој начин, осигурано е дека надворешниот звук во ниту еден момент нема да доминира во внатрешноста. Само се слуша спортски и тоа како пријатен звук.

Врвен сервис
Со Citroen FREEDRIVE, претставен токму со DS3, идејата за грижа за потрошувачот го добива своето вистинско значење.
Тоа значи дека на потрошувачот му е загарантиран мир во мозокот, бидејќи Citroen се грижи за целосното одржување на автомобилот, со екстра елементи како целосно чистење на автомобилот. Како додаток на ова, Citroen FREEDRIVE цели да го задржи потрошувачот мобилен, односно кога нивниот DS3 е имобилизиран, тие ќе добијат транспорт или заменско возило во случај на сервисирање на возилото.

Во продолжение се дел од фотографиите на DS3 низ Париз и околината. Пристигнување на автомобилот во Македонија се очекува ова лето, а цените би требало да бидат нешто над стандардните за новиот C3, но секако под оние на Mini. Во меѓувреме, очекувајте на koli.com.mk и споредбен тест на Citroen DS3 со Mini.


Citroën DS3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Во глобала тестовите ви се тапа.Ако стварно ги тестирате дајте податоци за забрзување,меѓузабрзување,кочење(ладни-топли),реална потрошувачка во град и отворено,како се однесува на угорнини,на автопат.Вие само ни давате каталошки вредности помешани со ваше лично мислење,дали вам ви се допаѓа или не.Вие треба да ни презентирате бројки и факти за пореално да добиеме слика за возилата.
Напишан од Giugaro  пред  околу 107 месеци
Samo lud covek moze da frli tolku pari za Audi A1... se dava li tolku pari za nego?? Citroenov izgleda mnogu pomoderno i pofraerski, kola vo koja se zaljubuvas na prv pogled i ne se dvois od nea.. I love Citroen
Напишан од igor  пред  околу 112 месеци
Ne mi e jasno kako na ludjeto moze da im se svidja A1? Poglednete kako samo izgleda citroenov, da gi stavis eden do drug Audi nikoj ne bi go ni primetil...
Напишан од Toni  пред  околу 113 месеци
На Емил да му порачам да не се занесува со фикс идеи како Ауди бил подобар од Цитроен.Сигурно вози Ауди старо 50 години и сега ке филозофира за тоа како ауди бил најдобар.Нека погледне во историјата и сегашноста па ќе види дека Цитроен оставил неспоредливо поголем печат во рели од Ауди,да не збориме за Дакар.Оноа А1 личи на количката на Ноди во споредба со ДС3.Догодина нека застане А1 у ред со ДС3 у ВРЦ рели шамшионатот,па да голта прашина цела година
Напишан од Злате  пред  околу 113 месеци
do Dejan :) Pa zatoa se najprodavani :)
Напишан од and  пред  околу 114 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил