Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Леб се загрева за Ф1?
 
Spodeli
14 October 2009, 21:01


Леб се загрева за Ф1?  Леб се загрева за Ф1?
Петкратниот светски шампион во рели Себастиен Леб тестираше Болид од GP2 серијата на патеката во Херез. Тие болиди технички се најблиску до оние од Формула 1, па тестот ги подгреа шпекулациите дека “кралот на релито“ се подготвува за сензационално деби во Формула 1 на последната овогодишна трка во ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сепак, тој ги негираше шпекулациите дека тестот е “загревање“ за Ф1, односно дека тестот бил само забава, иако амбициите за Формула 1 се уште ги негува.
 
“ - Тестот нема врска со трката во Абу Даби. Оваа шанса да тестирам GP2 – болид ми ја овозможи инженер од францускиот Порше Куп каде возев лани, а кој сега работи во тимот David Price Racing во Гран При 2 серијата. Го направив ова зашто не сакав да ја испуштам шансата. Сепак, сакам во иднина да настапам во Формула 1, па макар почнал и со последната трка сезонава“
 
Леб бил 18ти утрината додека било влажно, а подоцна кога се исушило завршил последен од 25 – те возачи.
 
За петкратниот рели - првак се шпекулира дека ќе дојде во Ф1 откако зимоска импресионира на тестот со Red Bull во Барселона. И иако тој негира, ние се надеваме дека “кај што има чад, има и оган“.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил