Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА       КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Тема > Убавината произлегува од очите...
 
Spodeli
15 February 2010, 15:43


Убавината произлегува од очите...  Убавината произлегува од очите...
Новите автомобили се како дивите животни со различен и често убиствен поглед. Различен израз на нивното лице значи и различно расположение...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Не е тешко да се сетите што чувствувате кога на автопат ќе видите два пара на кружна светлина во ретровизор. Страв, и потреба да се дистанцирате. BMW.

Дизајнот на секој автомобил се потврдува и со грациозноста и впечатокот што го оставаат предните светла. Посебниот дизајн на предните светла му дава на автомобилот  комплетно нова димензија која го дистанцира од конкурентите. Ви преставуваме некои дизајни на предни светла кои, според некои наши критериуми за убавина...

Ангелските очи на BMW
Она по што се препознава предницата на BMW се сигурно неговите “ангелски очи“. Порано, сега и веројатно секогаш. Одличен светлосен ефект, овозможен од CCFL технологијата (Cold cathode fluoroscent lamps) која на баварските автомобили им дава посебен стил.

Јасно се забележуваат дури и на дневна светлина, но во полн сјај доаѓаат пропратени со ксенон светла при ноќни услови. Дополнително, нивниот век на траење е проценет над 12 000 часови. Или, со други  зборови, многу е поверојатно да го смените  автомобилот пред ангелските очи да згаснат.

Препознатливи предни светла кои лесно ќе ги препознаете на улица. Авангардноста која им ја нуди на полускузните модели им дава агресивна карактеристика на и онака лутата предница на баварскиот производител.

AUDI “LED“ени светла
Светла кои зрачат со препознатлив стил пропратени со перфектна изведба...

Ова е дел од рекламната кампања преку која Аudi долго време го рекламираше својот А4, но зошто Германците ја користат оваа технологија во речиси целата гама на возила? Едноставно е, поголема и побистра светлина обезбедено со помалку енергија.

Има и уште една бенефиција - тоа е дека LED диодите можат да се обликуваат во било која форма, што им дава поголема корисност.
LED технологијата користи оптички влакна кои овозможуваат формирање на прецизни линии. Овие светла овозможуваат вистинско осветлување на патот, речиси никакво попречување на останатите учесници во сообраќајот и бескраен животен век.

Паметните светла на Insignia
Opel во пионерска улога и уникатно искуство во технологијата на осветлување, продолжува со обележја на новата генерација. AFL технологијата (Приспособливо предно осветлување) се приспособува кон условите на возење.

Оваа технологија  нуди 9 вида на светла. AFL технологијата обезбедува совршено осветлување за градски услови, во услови на намален сообраќај на автопат, надвор од населени места, во неповолни временски услови, при возење во кривини, static cornering (влегување во кривина со 40 км/ч), висок сноп и дневно светло.

Сите од овие типа на осветлување ја подобруваат видливоста. Особено се забележливи LED светлата на самите агли на предните светла кои трошат многу помалку енергија отколку конвенционалните светла со халогени лампи, а секако дава една полускузна димензија на автомобилот,  па дизајнот на фаровите ја заокружува целата убавина на Opel-овата убавица и секако и дава вистински идентитет.

Истата технологија  на осветлување е вградена и во новата Astra и единствен автомобил од таа класа кој располага со ваков систем на осветлување.

Оригиналните  фарови на Mini
Секој дел на Mini си е оригинален на свој начин. Така и предните светла кои се одличен спој на aнглиска класика и eвропски модерен стил.

Би - ксенонската  технологија која ја нуди Мини во својот популарен автомобил овозможува два пати поголема видливост и  речиси доживотен век на траење.

Навистина овој автомобил  отскокнува  со овој дизајн на предните светла за разлика од конкурентите од класата. Очигледно дека стариот модел има голем печат на новите светла, но традицијата на Mini овој пат е придружена и со новите трендови.

Толку симпатичниот Mini е она што ги изнудува погледите  со самата своја појава а предните светла се само во функција на “јагодка на шлагот“.

Италијанскиот  дизајн перфектно преточен и во Mi.To
Она по што беше остана забележана иконата на Alfa, 8 C Competizione го гледаме и кај Mi.To. Дискреционата убавина на фаровите на МиТо става се главната алка во комплетниот дизајн на автомобилот.

Необичната форма која наликува на бадем го потврдува бесмртниот стил кој го поседува секоја Alfa. Комплетно единствен дизајн кој го нема кај ниту еден модел од неговата класа, па дури и во другите класи со кои Alfa уште еднаш потврдува дека дизајнот на нејзините возила отскокнува од оној конкурентите.

Логото на Volkswagen во предните светла на Golf
Мислевте дека Volkswagen не прави нешто за да биде препознатлив? Не, не зборуваме за налутените фарови во новите Golf и Polo – во предните светла на Golf го има логото на производителот – пооригинално од тоа, здравје!



Многу различни визуелни идентитети и многу различни изрази. Коментирајте кој е вашиот фаворит...





Стари коментари
Како пешак велам / ме заслепува и ме НАВЕДУВА да му ги подмачкам тркалата. "Бескраен животен век", зар не... "Одличен светлосен ефект, овозможен од технологијата" која на автомобилите или возачите им дава посебен УБИСТВЕН стил.
Напишан од НОЈ  пред  околу 109 месеци
definitivno lanserot alfata i bmw to
Напишан од ace  пред  околу 115 месеци
obozavaam bmw vozila megutoa alfata 159 definitivno najubavi farovi ts tie nejzini farovi i ja davat celaata ubavina
Напишан од edo  пред  околу 115 месеци
angels eyes e najperfektnoto nesto do sega sraboteno,poglednete gi samo kolku deluvaat privlecno,pisteni kako pozicija na stemnuvanje pogotovo,pozz
Напишан од vaci  пред  околу 117 месеци
angels eyes e najperfektnoto nesto do sega sraboteno,poglednete gi samo kolku deluvaat privlecno,pisteni kako pozicija na stemnuvanje pogotovo,pozz
Напишан од vaci  пред  околу 117 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 4
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тема



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил