Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Opel ADAM ROCKS - авантуристички мини кросовер
 
Spodeli
15 September 2014, 18:14


Opel ADAM ROCKS - авантуристички мини кросовер Opel Adam Rocks * Opel ADAM ROCKS - авантуристички мини кросовер
Фамилијата ADAM се шири, со новиот авантуристички автомобил кој ветува универзалност. Најдобро му прилега описот Урбан кросовер во "џебен формат"...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, зошто џебен? Автомобил ќе биде достапен во конфигурација со три врати, а неговата целокупна должина изнесува 3.75m. Opel-овите дизајнери развија нови елементи во поглед на дизајнот, додатоци и украсни елементи за седиштата кои ќе бидат достапни само за ADAM ROCKS, како и стандардо вградениот Swing Top платнен кров. 

Новиот член на ADAM фамилијата ќе биде покренат од сосема нов 1.0 ECOTEC Турбо бензинец со директно вбризгување на гориво. Овој мотор е во склад со строгите Еуро 6 стандарди, но и е значително подобар од својата конкуренција, во поглед на бучавата и вибрациите кои доаѓаат од него.
 
 
Автомобилот ќе биде достапен при крајот на септември со почетна цена нешто под 15.000 Еур, цена во која ќе биде вклучен и Opel-овиот IntellilLink инфо-забавен систем кој овозможува брза и лесна употреба. 
 
"Купувачите ќе бидат воодушевени од комбинацијата на забавно возење на отворено, со врвните способности на новиот мотор", вели Петер Кристијан Кисперт, член на Opel-овиот продажен одбор. "ADAM ROCKS претставува вистинска авантура, како од надворешен, така и од внатрешен аспект. Заштитната пластика на долниот дел од возилото ја нагласуваат неговата црвстина и моќен изглед."
 
Ова возило ќе биде достапно со нова палета на бои, но и широк спектар на разни можности за дизајн на кровот. Во поглед на ентериерот, повеќето од елементите можат да бидат променети по желба на купувачот. Во однос на техничките карактеристики, покрај досега познатите 1.2 и 1.4 литарски агрегати од 70КС и 100КС, автомобилот за прв пат ќе достапен со 1.0 литарски турбо бензински агрегат. Овој трицилиндричен агрегат во целост е изграден од алуминиум и произведува 90 КС, додека има и втора варијанта од истиот агрегат, со 115 КС. Старите агрегати ќе бидат поврзани со пет-степен мануелен менувач, додека новите турбо агрегати ќе бидат достапни со шест-степен мануелен менувач. Максималната каталошка брзина на агрегатот со 90 КС изнесува 180 km/h, додека максималната брзина на посилниот агрегат со 115КС изнесува 196 km/h. 
 
 
Јасно е дека новиот агрегат нема да руши никакви рекорди за брзина, но неговите карактеристики веројатно ќе бидат сосема доволни за намената на ова возило. Во поглед на потрошувачката агрегатот поседува врвна технологија, како што е директното вбризгување на гориво под висок притисок и варијабилно поместување на вентилите, саморегулирачка водна пумпа итн. 
 
Благодарение на сите овие елементи фабриката ветува потрошувачката од 4.5l до 5.1l на 100 km. Колку ќе биде во реалниот свет, ќе видиме.  

Opel Adam Rocks *
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил