Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Нов систем бодување во Ф1: „Агресивците“ тријат раце
 
Spodeli
15 February 2010, 14:29


Нов систем бодување во Ф1: „Агресивците“ тријат раце  Нов систем бодување во Ф1: „Агресивците“ тријат раце
Како што одлучи Меѓународната федерација на автоспортови, во 2010-та година во најелитното авто-мото натпреварување повеќе ќе се ценат победите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Меѓународната федерација за автомобилски спортови го одобри новиот состав бодување и го прифати новиот правилник за натпреварувањето во 2010-та година.

Така новиот систем ќе им носи бодови на првите десет пласирани возачи, а не на осумте како што досега беше правило, со тоа што победникот ќе освојува 25 поени, а второпласираниот 18.

Од третото до десеттото место бодовите се распоредени на следниот начин 15-12-10-8-6-4-2-1. Таквиот состав бодување им дава предност на агресивните возачи кои во трките одат на победи, а не само на пласман.

Двете поважни промени во однос на минатогодишното правило се тоа што тимовите не мораат да ја пријавуваат тежината на болидите во пресрет на самата трка, додека другата промена се однесува на промената на гумите.

Имено, така возачите кои влегуваат во последниот, трет круг од квалификацискиот тренинг, ќе мора да стартуваат во трката со истите гуми на кои ги завршиле квалификациите.

Последен пат составот за бодување се промени во 2003-та година. Тогаш бодовите ги освојуваа првите осум пласирани возачи, наместо како дотогаш, првите шесто пласирани.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил