Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Хамилтон или Розберг - кој има повеќе шанси?
 
Spodeli
05 September 2014, 21:28


Хамилтон или Розберг - кој има повеќе шанси?  Хамилтон или Розберг - кој има повеќе шанси?
По контактот помеѓу двајцата возачи на тркачката патека во Белгија, настана "бура" помеѓу фановите и медиумите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тимот реагираше така што го казни Розберг, а Германецот му се извини на тимот и на Хамилтон. Нормално, извинувањето нема да промени ништо во поглед на Хамилтон, а односот помеѓу двајцата возачи никогаш нема да биде ист. Остатокот од сезоната двајцата ќе го минат во остра борба, не само за титула, туку и за престиж во Mercedes.

Розберг со нетрпение ја чека трката на патеката Монца, со цел инцидентот да не биде главна тема. Дали инцидентот го направи со намера тешко е да кажеме, но јасно е дека можеше да се избегне. Во дополнителни анализи, пронајден е втор непотребен потег со управувачот, кој го доведе до контакт со Хамилтон кој резултираше во судар. Но FIA не обрна внимание на овој инцидент и остави на тимот сам да ја реши ситуацијата, по што на Розберг му беше напишана шест цифрена казна.

Ова е втор инцидент од страна на Розберг, а доколку има трет ќе дојде до сериозно казнување. Со ова Хамилтон е послободен на тркачката патека, додека Розберг треба да обрне поголемо внимание. Сепак Розберг има водство од 29 поени, што игра најголема улога. Без разлика на неговиот резултат во Италија, Розберг повторно ќе биде во водство над Хамилтон. Нормално и Хамилтон е свесен за ова. Но исто така вреди да напоменеме дека Хамилтон покажа подобри перформанси на одредени трки, но за жал поради механички проблеми со автомобилот конечниот резултат е тој.

Од друга страна Хамилтон знае дека не смее да си дозволи никакви грешки, откажувања или механички проблеми. Така во оваа ситуација постојат позитивни и негативни аспекти за двајцата возачи. Како најважен фактор ќе биде тимот на Mercedes и нивниот однос кон возачите. Розберг неодамна потпиша повеќегодишен договор, до крајот на 2017 година. Додека договорот на Хамилтон истекува следната година, а разговорите за продолжување на истиот не доведоа до конкретен заклучок.

Доколку се продолжи договорот на Хамилтон, дали тимот е спремен на понатамошно ривалство во самиот тим? Нормално, постои можност за отфрлање на Розберг, но тоа би било скапо за Mercedes и лошо пред јавните медиуми во Германија. Остаува да ја проследиме трката во Италија, по што многу работи ќе бидат појасни.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
 
 






Одберете нов автомобил