Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Новата Skoda Fabia половично ќе се базира на MQB платформата?
 
Spodeli
23 August 2014, 17:19


Новата Skoda Fabia половично ќе се базира на MQB платформата? Škoda Fabia Новата Skoda Fabia половично ќе се базира на MQB платформата?
Последните информации кои доаѓаат од Чешка, фрлаат ново светло врз конструкторските решенија за новата генерација на Fabia...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Досега се веруваше дека новиот автомобил ќе се базира исклучиво врз платформата PQ26 од Volkswagen што се користи и во освежената верзија на VW Polo, а која во основа е подобрена варијанта на претходната PQ25 што пак се употребува во се' уште актуелната Fabia.

Сега чешките медиуми информираат дека „Fabia ќе користи 50% од модулот на новата MQB платформа, околу 40% од PQ26, додека останатите 10% од деловите се пренесени од втората генерација на моделот односно од платформата PQ25“.

Во секој случај, оваа комбинација ќе овозможи вградување на нова моторизација односно 3 и 4-цилиндрични мотори кои во целост ќе ги исполнуваат Euro 6 стандардите. Поконкретно, понудата на бензински агрегати ќе ја отвори 3-цилиндричниот 1.0 MPI со 60 КС (44 kW) а ќе ја затвори 4-цилиндричниот 1.2 TSI со 110 КС (81 kW). Дизел понудата ќе ја чини 1.4 TDI со моќност меѓу 75 КС (55 kW) и 105 КС (77 kW).

Официјалната премиера на новата Fabia ќе се одржи на саемот за автомобили во Париз, а почетокот на продажбата се очекува набрзо потоа.


Škoda Fabia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил